Коста Рацин влезе веќе во историјата на нашатаоста Рацин влезе веќе во историјата на нашата книжевност. Пред нас е споменот за еден предан на народната борба, борбен син на нашиот народ, пред нас се песните, што ги остави еден ретко даровит македонски поет.

loading...

Колку повеќе се оддалечуеме од денот на трагичната смрт на поетот и борецот Коста Рацин,толку поживо се открива пред нас името, делото и поезијата на тој поет на македонскиот работен народ.

Трагите, што ги остави недовршената во својот развој поезија на Рацин издлабија длабока бразда во неразораната земја на нашата млада литературна нива. Неговата единствена стихозбирка, излегла под наслов „Бели мугри” и малкуте запазени непечатени стихови, се достаточно указание за тоа што изгуби нашата художествена литература и што уште можеше да даде.

Рацин како поет на црно трудовиот народ и на неговата борба за солнчеви денови.

Каков е накратко животниот пат на поетот?

Кочо Апостолов Солев - Рацин, роден на 26 октомври 1909 година, е син на сиромашка фамилија. По немање на средства тој учи до втори разред на гимназијата. После тоа, занаетот на татко му -грнчарството - стануе и негов занает. Уште мал, Рацин прави впечатление на набљудателно и затворено во себе дете. И таја набљудателност и затвореност го споходуе за време на целиот негов живот. Тој малу збори, многу мисли и многу чете. Скоро животот ги отвара широко очите на замислениот јуноша, на идниот поет. Сиромашијата на неговата фамилија, маките и црниот труд на иљадите негови браќа, и сестри, на сиот работен народ, извикуе протест во неговото срце, го тера да тргне по борбениот пат на отрудениот народ, да управи поглед кон идниот слободен ден. И тој работи, се бори и през сето слободно време е над страните на велики писатели и мислители- патеводители на човечеството и творци на вистинскиот човечки живот.

Диалектичкиот материализам му го покажуе патот на величественото изменение. И понатаму го гледаме животот на поетот и борецот: борба, маки, гонења, интернации, затворања, зандани. Во 1931 година, сакајќи да замине илегално за Хамбург и оттаму за Советскиот Сојуз, е уапсен во Марибор, каде е задржан околу 40 дена во полицијатаи оттаму интерниран во Велес.

Во 1933 год., принуден од сиромашијата, работи како коректор во редакцијата на в. „Вардар” Скопје. По тоа време стануе провала, раскрита е голема комунистичка конспирација, во која учествуе и Рацин. Изведен на суд, Рацин е осуден на 4 години робија. Лежи 2 година во Сремска Митровица и по силата на амнестија е ослободен.

Во 1938 година работи во Белград, во печатницата на в. „Правда”. Изгонет од белградската полиција оди во Загреб, каде ја отпечатуе својата прва и единствена стихозбирка „Бели мугри”.

Во 1939 г., заедно со многу другари се најдуе во воен логор.

После капитулацијата на Југославија, за кратко време оди на работа како железнички работник во Софија. После трагичното самоубиство на неговиот другар и сограѓанин Коле Неделковски, еден редок лиричен и човечен поет, кој се отепа за да не се даде жив во рацете на полицијата, подгонет од софиската полиција, Рацин се враќа во Скопје. Тука работи извесно време во Народната библиотека. Живеејќи илегално, затворен од скопската полиција, е интерниран во с. Корница, неврокопско.

По враќањето од интернација, бега в планина и оди во партизанските одреди.

На 13 јуни1943 година Рацин трагично загина. Во својата политичка дејност во Македонија, Рацин е еден од првите организатори и инструктори на СКОЈ во Велес. През 1933 г., тој е редактор на в. „Искра” - орган на Покраинскиот комитет на К. П. Ј. за Македонија. Истата година стануе провала во Тетово, конспирацијата на „Искра” е раскриена и Рацин паѓа во полицијата.

За време на својот краток но бурен живот, Рацин освен излезената во 1939 година стихозбирка „Бели мугри”, има печатени стихови, раскази, новелистатии и студии во списанијата: „Литература”,„Савремена стварност”, „Књижевност” - Загреб и списанието „Наша стварност” - Белград. За новелата „Каменолом”, печатена во „Литература”, Рацин добива награда. Коста Рацин израсна како смел социален поет во токот на народната борба за национална и политичка слобода, за повеќе солнце и леб занамачениот наш народ. Во таа непосилна и крвава борба, со стално самообразуење, тој ретко надарен македонски син, се истакна и како редок теоретски и културен работник. Оваа сестрана негова изграденост му помогна да напише стихови, што му одредуат предно место во новата македонска поезија, оттука и во новата југословенска художествена литература. Уште во 1932 година, кога не само поетите во Вардарска Македонија, но и во цела Југославија, плаќаа данок на напливнатите разноразни литературни школи: експресионизам, импресионизам, надреализам, футуризам и друзи разни изми, кога беа малцина поетите со едно макар и општо изјавено социално гледиште, Рацин, уште тогај, се истакна како напреден поет со конкретно оцртано политичко гледиште.

loading...

Тоа најарно може да го видиме во печатената през 1932 г. во колективен Зборник песна „Ватромет” - на српски. Ако и да страда од немалу апстрактност и од еднаосновна умозрителност, во таа песна го гледаме Рацин како поет со една jacнo изјавена оријентација конхудожествениот реализам. Тука треба да го забележиме и тој крупен факт од животот и развојот напоетот, дека по тоа време тој започнуе да пише песна на својот мајчин јазик. Еден од првите негови чекориво тој правец е излезеното во списанието „Књижевност” стихотнорение „До еден работник”. Во 1939 година во Загреб, поетот издава веќе стихозбирка на македонски јазик - ,,Бели мугри”, во која што гледаме еден поет со изјавен својски манир, со конкретна политичка оцртаност. Само песните од таа стихозбирка да беше ги напишал Рацин, пак ќе беше доста, за да го покажеме како ретко даровит поет. Во неа има песна како „Ленка”, „Тутуноберачите”,„Гатунчо”, „Проштавање” и „Елегии”, што за секој пат ќе останат како една од најубавите песна, напишани во нашата поезија.Со стиховите на Рацин, за прв пат во нашата поезија, црнотрудовиот живот на нашиот работен народ, народната мака и народната борба, добија еден художествено - реалистичен одраз и воспев. Во целата Рацинова поезија црната мака на аргатскиот народ протекнуе како крвава нишка:

„Роди се човек - роб биди,

роди се човек - скот умри,

скотски цел живот работи за други,

туѓи имоти”.

(Денови)

Печалбарскиот тежок живот и тутуноберачката жолта мака - тие се основните теми во лириката на Рацин. По нив тој ги напиша најубавите свои песни: „Ленка” - која што ќе остане како една прекрасна песна на жестоката трагедија на тутуноберачите -скапи жртви, бацени во утрото на својата младост од жолтата гостинка - туберкулозата; „Тутуноберачите”-песна за црнотрудовиот тутуноберачки живот; „Проштавање” - патот на печалбарот и „Татунчо” –печалбарот - борец, што по друмиштата и патиштата на тешкиот печалбарски живот го најдуе патот на борбата. Крвавата мака на работниот народ, што зараснала како грбина на аргатските плешки и што цел живот ги души бедните синови на нашата вековно заробена земја, во стиховите на Рацин е дадена со непосредна сила, со една простота и непринуденост на чувството, која го грабнуе читачот и го истргнуе од него моќниот протест против крвавата социална неправда. Не еден пат поетот, кој што сам го испитал на својот грб „скотскиот живот аргатски - од лулка до гроб - ”, отправуе едно прашање, едно страшно прашање, што нема да задоцни да се преврне во закана:

„И кој раздвои, и кој раздвои човек од човек со ѕид?

И кој направи, и кој направи човек на човека роб!”

(Елегии)

Но Рацин, кој што помина по борбениот пат на борбеното работништво и кај што арнo знае, дека во

„животот човечки може да има дигање и паѓање”,

но наспроти тоа погледот секој пат да е отправен кон идниот светол ден - не може да пее песна само за црна мака и чемерна несреќа.

И ако тој пише занечовешкиот аргатски живот, и во кои песна може да се најдат места, што откриваат една прекрасна изразена и изобразена човечка болка:

„Ископајте длабок бунар, извадете ладна вода

-натопете лути рани -да не горат, да не болат”.

(Елегии)

таја црна болка не ја дава како нешто непроменливо, како непроменлива судбина - така наречениот црн жребиј, кој што е лајт мотивот на декадентската поезија, а поскоро да даде реалистичен одраз на една стварност и побргу да го разбуди гневот на намачениот народ, да му ги открие хоризонтите на новото што иде и да го подигне на смела и докрајна борба за ослободуење Рацин во својот бурен и борбен живот разбра една основна вистина - патот на борбата.

Поетот треба да биде пред се борец, да фрла огин во срцата на луѓето, да ги мобилизира нивните задремени сили и да ги разгори на борба за рушење на робијата, на готовност за строење на вистинскиот човечки живот.

Во тоа, и само во тоа, поетот го најдуе правецот на човешкиот живот, тука ја достигнуе највисоката среќа.

„Ако куќа не направив со високи шимшир порти, куќа цел свет братски ми е

-братски срце што отвора, срце - порта највисока, срце - порта најширока”.

Силното борбено чувство во стиховите на Рацин, ако и на некои места да звучи малу лозунгово, не се јавуе како шаблонски позив, како празен ораторски говор и демагошки дити рамб, но како едно чувство што врие во самиот поет. И токму затоа, лиричниот патос на Рацан е непосреден и одеднаш не  грабнуе и не прави смели и силни.

3дравата и напредна идејност на поетот е мајсторски канализирана во секој негов стих. Неговото основно познавање на животните прашања му поможуе да спроведе во својата поезија една социална тенденциозност, која што не е чисто лозунгарски и плакатно, а художествено - реалистично спроведена. И што е најважното овдека, Рацин се изјавуе како поет со тенок усет кон типичното.

Тоа најарно се гледа во неговата песна „На Струга дуќан да имам”, која што сама по себе дава материал за цела една критично -социологична студија. Тоа е навистина една ретка художествена творба на еден поет со размахот на смел критик - реалист. Во неа, со реалистична и психолошка правда, Рацин ни ја открива сликата на разрушениот еснафски бит. Целата трагедија на еснафлијата кој што се јавуе бес силен да го разбереновото време, блеснуе пред нас со ретко внушителна сила. И тој жалок син на едно динамично време нa величествено изменение и тогај кога целиот негов бит е разрушен, станал веќе легендарна прикаска и пиејќи „вино на вересија”, пак си остануе со единственото сакање:

„На Струга дуќан да имам,

на кепенците да седам,

да видам, само да видам

и на кепенкот да умрам!”

(На Струга дуќан да имам)

Но силата и воздејствието на Рацин како поет на ново време иде не само од неговата конкретно изјавена и стегнато оцртана напредна идејност, но и од неговата жива и образна художественост - од полното единство на сето тоа. Лириката на Рацин се открива со еден широко изјавен својски, рациновски манир, со едно непосредно изживено чувство на лиризам. Оттука идат и неговите внушителни художествени образи:

„темнината пие силно светнал ден”,

„срце - куќанајширока”,

„срце - порта највисока” или

„солнце да запре да стои и времето зачудено”.

Станал веќе мајстор на стихот, Рацин достигнуе еден звучен, строен, образен и одмерен стих:

„Тешката тага, тешката, тешката тешко засвири! Севда е тешка, голема, уште потешка прокуда”! Тезите и антитезите како средства на художествено воссоздавање, исто така не му се туѓи на Рацин:„Пилците пеат - ти плачеш, солнцето грее - ти темнеш”.Во поезијата на Рацин сретнуеме и немалу јазикови достиженија. Тоа го јарко истакнуе како еден редок познавач на нашиот јазик и тоа уште повеќе сеналожуе кога се има пред очи, дека Рацин започна со поезија токму во самиот почеток нa литературното оформуење на македонскиот јазик. Одличен познавач на нашата народна песна, која за нас Македонците за долго време ќе остане здравиот извор на јазиково творчество, од кој што треба да црпиме со полни раце, Рацин напиша прекрасни стихови по мотив однародните песни. („Ленка”, „Татунчо”, „Елегии” и др.)

Но тој, макар и да ја исползуеше народната песна и да се учеше од неа, не остана со нејзините художествени средства. Народната песна му послужи салмо како основ и тој врз тој основ започна да гради еднонавистина ново, модерно по форма и содржина художествено творчество.

3апознат од основа со прашањата на општата теорија на искуството, тој арно знаеше дека повикот на новата поезије е: новата содржина ја гони новата форма и самиот тој тргна кон истото. Најарно постигнато го гледаме тоа во „Копачите”, каде Рацин достигна дејствително една нова содржина, облечена во една нова форма. И самиот стих тука е даден во еден нов, „мајаковски”строј, во една ударничка метрика:

„Се к'ти ноќта црна!

Се рути карпа - мрак!

и петли в село пејат

и зората се зори

-над карпа в крв се мие 

и темнината пие

силно светнал ден!

(Копачите)

Ако и да се сретнуе во некои строфи губење на ритамот и неправилност на римата, ако и да недостигна еден полнокрвен револуционен патос и погледот на еден конкретно изјавен револуционен поет, ако и да не застапа исцело на позицијата на художествениот реализам, тоа што го напиша Рацин ќе остане како художествено реалистична вредност од прво значение за нашата нова поезија.

Тоа што тој ниго остави е најарното указание, дека тој многу и многу напред ќе одеше. Неговата последна работа, пишана во планина, поемата ,,,Јане Сандански” покажуе јасно дека Рацин со смели чекори врвеше бргу кон својот полен художествено реалистичен расцвет. Во таа поема, каде што е оживен и израснуе во моќни и правдиви художествени контури великиот Јане Сандански, го откриваме не само новиот и конкретно оцртан модерен поет - художествен реалист, но и идниот голем поет на нашиот национално - револуционен епос. Од друга страна, во поемата за Сандански која за жалост поетот ни ја остави недовршена и во првата копија, и во песната „На Струга дуќан да имам”, ги откриваме богатите заложби на еден добар белетрист.

loading...

Со горчива болка треба да одбележам дека голем дел од непечатеното творчество на Рацин е изгорено. Романот му „Опиум” е изгорен од големо српската полиција уште во ракопис.

Во 1942 г., после арестувањето му, неговата хазајка во Скопје од страв да не ја најде полицијата ја изгоруе неговата непечатена лирична стихозбирка, за која имам сведенија дека била пишана през летото на истатагодина кога Рацин бил на лечење во Охрид. Сето тоа, што Рацин го беше започнал и бргу го достигнуеше, остана недовршена.

Ранната и предвремена смрт му попречи да го достигне расцветот на еден голем поет на нашиот народ. И токму за таа, ние денеска кога ја градиме нашата млада художествена литература, ја сеќаваме празнината штоја остави Рацин. Баш денеска тој ни беше најпотребен. Баш денеска многу и многу напред ќе отидеше во својот творчески развој.

Нашата млада литература загуби неискажано многу со ранната смрт на тај ретко даровит македонски син. Но ние сме пак среќни со Рацин, затоа што нашата вековно намачена, но храбра татковина родила таков свој син. И денеска пак Рацин ќе биде светлиот пример од кој што ќе се учат нашитемлада поети. Негавата борбена поезија за секој пат ќебиде едно указание за таа како треба да се пишепоезија што да му служи на животот.

Димитар Митрев

(Текстот е изворно и во оригинал превземен од изданието  "Песни" кое ги содржи песните од стихозбирката "Бели Мугри" како и посебен Додаток на недовршената поема "Јане Сандански", песната "До еден работник" и песната "Ватромет" напишана на српски јазик. Изданието е реализирано од страна на Државното книгоиздателство на Македонија во Скопје 1946 година)

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна