Со векови твoјте борови шумат
те капе златест априлски сјај
со векови плиска пенлива Струма
низ тебе роден Пирински крај!
Чувствувам волност Пиринска горо
да викнам песна в просторот син
ми блика радост да пеам и зборам
за тебе, Јане, народен син!
Да кликнам песна би сакал силна,
песната стара за тебе дар,
како си Јане Родина бранел
со каква гордост љубов и жар!
Си згрнал народ под Гоцево знаме
да стресеш ропство и темен гнет
в народнн срца запалил пламен
да фрлат јарем султански клет.
Бегови, аги крвни си мразел
и секој феуд - народен враг,
в Република земја сакаше да видиш, -
в слобода грејнат татков праг!
И подарок песна денес ти давам
ка тебе вечен Пирински џин,
за нашата гордост и твојата слава
ти пеам песна, народен син!
Ванчо Николески
(Црвена Вода, Охридско, 10 јуни 1912 - Црвена Вода, Охридско, 15 април 1980)
Стихотворбата е извадок од стихозбирката "Моето село" издадена во 1950 година од страна на младинското книгоиздателство "Ново поколение" од Скопје