Она личи на измама тешка.
Безобзирно, дрско во крвта заронува.
Денес што е за подбив и смешка
Co утрешна смисла в миг го озаконува.

 

Игро мудра, само таква биди,
разгрни се сета богато надарена,
и секогаш во животот иди
од несекидневноста чиста и озарена.


Се што гасне се в зеница сјае.
Преминот е тихо, светло насмевнување.
Дај природо, мојот живот да е
далеку од секо штуро примирување.

Ацо Шопов

(Штип, 20 декември 1923 - Скопје, 20 април 1982)

Извадок од стихозбирката "Слеј се со тишината" издадена во 1955 година од книгоиздателството "Кочо Рацин" Скопје

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна