Сума:

Празнувањата за Нова година се совршен период за резимирање на сите убави и помалку убави работи кои на човек му се имаат случено во изминатите 365 денови. Ова е период на заедништво со семејството, пријателите, најближните.

loading...

За Делчевчани ова е и период на незаборавни средби со луѓето кои во поголемиот дел од годината претстојуваат и работат некаде низ државата и насекаде по "белиот свет".

А се помалку се оние кои можат да одделат барем една недела пред и по новогодишните празници се до Бадник за да ги поминат овие празнични денови со најблиското семејство во родниот град. Дали поради обврски, дали поради недостиг на финансиски сретства Делчево се повеќе и повеќе го зафаќа апатија дури и за највеселата ноќ во годината.

Одамна дочекот на нова година вечерта на 31-ви декември не се прославува на плоштадот во Делчево организирано.

Последна ваква пракса беше забележана на преминот од 2009 кон 2010 година кога тогашниот Градоначалник Горан Малешевски се заложи да се направи скромен но сепак организиран дочек на нова година пред Спопмен домот АСНОМ во Делчево.

Таа вечер настапија локални ентузијасти и надежни изведувачи на поп и рок музика, кои потоа во годините што следуваа си го пронајдоа своето место во уметничките води. Иако не беше којзнае колку спектакуларно, сепак на едно место се собраа голем број делчевчани кои со среќа и возбуда си посакаа среќна нова.

ДЕЛ ОД ФОТОГРАФИИТЕ ОД  ВЕЧЕРНАТА ПРОСЛАВА НА НОВА ГОДИНА 31.12.2009 ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО:





Наредните години се откажа оваа вечерна прослава на 31-ви декември.

Со тоа се изгуби дел од значењето и убавината на одбележувањето на Нова година, за делчевчани што за волја на вистината и во годините пред тоа (пред 2009 година) немаше никаква традиција на организирано прославување.Таа последна вечер во 2009 година за многумина кои беа дел од прославата остана засекогаш незаборавна.

И секогаш помеѓу делчевчани остана да струи прашањето "Зошто во Делчево не се организира новогодишна вечерна прослава на градскиот плоштад на 31-ви декември?"

Во наредните години што следуваа наместо вечерната прослава беше усвоено да се реализира прослава во текот на денот на 31-ви декември за пречек на новата година на која Дедо Мраз ќе им подари пакетчиња на најмладите во Делчево во текот на соодветна и пригодна свечена новогодишна музичка и културна програма. Па така наредните години продолжи да се реализира ваквата пракса во соработка на општината со основните училишта, детската градинка, волонтери и граѓански активисти.


ДНЕВНА ПРОСЛАВА НА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО 31.12.2009 ГОДИНА


loading...
ДНЕВНА ПРОСЛАВА НА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО 31.12.2010 ГОДИНА


ДНЕВНА ПРОСЛАВА НА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО 31.12.2011 ГОДИНА


ДНЕВНА ПРОСЛАВА НА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО 30.12.2013 ГОДИНА


ДНЕВНА ПРОСЛАВА НА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО 29.12.2015 ГОДИНА

Така на едно место делчевчани можеа барем во мал дел да ја почувствуваат магијата на Новогодишните и Божиќни празници, преку смеата, радоста и џагорот на најмладите во Делчево.

Со ограничен Буџет и огромни финансиски проблеми на општина Делчево, без некој поголем интерес од страна на бизнис заедницата во Делчево, веројатно ваквите прослави се помалку и помалку ќе ги има во иднина, а кај делчевчани се повеќе и повеќе ќе спласнува значењето и убавината на прославувањето на Нова година. 

Сепак би рекле дека за среќа и убаво расположение не се потребни големи финансиски сретства. Оттука од организирана вечерна прослава на делчевчани им преостанува да се сликаат покрај новогодишните елки кои се уште ги има по градот.


ФОТОГРАФИИ ОД УКРАСУВАЊЕТО ЗА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО ВО 2009 ГОДИНА


ФОТОГРАФИИ ОД УКРАСУВАЊЕТО ЗА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО ВО 2011 ГОДИНА



ФОТОГРАФИИ ОД УКРАСУВАЊЕТО ЗА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО ВО 2012 ГОДИНА


ФОТОГРАФИИ ОД УКРАСУВАЊЕТО ЗА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО ВО 2015 ГОДИНА



ФОТОГРАФИИ ОД УКРАСУВАЊЕТО ЗА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО ВО 2016 ГОДИНА


Духот на Нова Година не е во неконтролираното трошење на пари, скапи подароци, кафански прослави, пијанки и луксуз.

Прославата на нова година и нејзината смисла е во заедништвото, искрените насмевки и топлината на семејниот дом.

Затоа бидете насмеани од дното на своето срце и душа, почитувајте се себеси и сите околу во едно толерантно заедништво на разбирање и соработка.

А пред се сакајте си го своето потесно и пошироко семејство.

Никогаш не е рано или доцна за убави честитки.

Затоа СРЕЌНА НОВА 2018 ГОДИНА почитувани Делчевчани и Македонци каде и да се.


СИТЕ ГАЛЕРИИ НА ФОТОГРАФИИ ОД ПРОСЛАВИ ВО МИНАТИТЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ КАКО И ОД УКРАСУВАЊЕТО ЗА НОВА ГОДИНА ВО ДЕЛЧЕВО:

ozio_gallery_nano


loading...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна