Сума:

Веројатно "Се водат за рака"...

Група Зана (не Жана) и Наташа Живковиќ...

Најпрво ке кажам дека видеото иако изгледа застарено, сепак има некои интересни моменти кои со "засрамение" можам да кажам дека се тренди и ден денеска...

ХЕЛАНКА, па црвена. И во тоа време провокативна и авангардна, денес само провокативна... Женски фризурчиња кои секако денес делуваат храбро и авангардно...Што би си помислила баба ми (бог да ја прости) и тогаш и сега? Веројатно истото...

Машките ликови во спотот, сите ке се сложиме се префорсирано облечени...Оваква костимографија најверојатно во денешно време би му дошло нешто како македонски (или српски) Снуп Дог во фармерки...

 

Сценографијата со решетки не знам зошто уште во 1990 година беше иконографски предизвик, за подоцна да излезе нешто како кршење на пранките, рушење на затворот или така нешто слично. По патем го срушивме затворот...Срушивме се што имаше да се сруши (вклучително и достоинството на човека), и еве не пак...

Едно не ми е јасно:"најели се, напили...."? WTF? Многу лош избор на зборови...

 

Не знам зошто само погледот на пеачката делува модерно? Свежо и футуристички....

Настрана од сите предрасуди, добар текст си е добар текст...Остава белег на живеење во овие неколку минути додека се слуша оваа песна.

Можеби затоа што говори за загубата, за љубовта, за тагата, за недостижниот епицентар на цутот на нечиј живот.

Кога само би можеле да го вратиме времето?

-Еххх...

Ама било па поминало...Рефрените како овој остануваат да говорат за се она вредно за сеќавање...

Животите поминуваат, останува живеењето...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна