Сума:

Кога почнав да го гледам филмот, си реков:Кај е по ѓаволите -The one and only-Сталоне?

На крајот на филмот си реков сигурно е во некое кино и се восхитува на новиот судија Дред, уживајки во пензијата која ја заработи овој актерски могул.

Филмот е многу добро компониран, има динамика, дух на жестока акција, сценографија која што е футуристичка но истовремено и примитивна. Одлична фотографија, успорените секвенци личат на гејмерска фантазија, со негаторска драматизација на порочноста и зависноста од супстанции.

Она што е на очиглед во овој филм е неговата непретенциозност, т.е. ограниченост на дејството на мал простор, што отвара пат за продолженија на филмот за целосна експанзија на приказната на еден стриповски пост апокалиптичен свет, кој може да се развива до бескрај. Но која е причината зошто продуцентите тоа не го прават, останува еникма.

Како и да е филмот нуди возбудливо возење и треба да биде погледнат од страна на љубителите на овој жанр филматохрафија.

Супер актерска екипа која претпоставуваме не е тешка милионски суми, но се однесува како да е токму таква.

Официјален трејлер на филмот:

Светска премиера: July 11, 2012 (initial release)

Режија: Pete Travis
Времетраење: 95 minutes
Буџет: 45 million USD
Актерска екипа
Karl Urban (Judge Dredd)
Karl Urban
Judge Dredd
Olivia Thirlby (Cassandra Anderson)
Olivia Thirlby
Cassandra Anderson
Lena Headey (Madeline 'Ma-Ma' Madrigal)
Lena Headey
Madeline 'Ma‑Ma' Madrigal
Domhnall Gleeson (Clan Techie)
Domhnall Gleeson
Clan Techie

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?


Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна