Во средината на минатиот месец балканската музичка легенда Ѓорѓе Балашевиќ на својот јутјуб канал објави своја нова музичка композиција издадена после подолго време.

loading...

Станува збор за песната "Дно дна" која главно се однесува на актуелната општествена ситуација во Србија, но лесно контекстот на песната може да се преслика во реалноста на останатите балкански држави, кои поминуваат низ истите квази политики и општествени процеси. Ова видео на јутјуб за само еден месец постигна милион и седумстотини илјади прегледи, со тенденција оваа бројка да расте.

Бунтовен и народен во исто време Балашевиќ им држи предавање на останатите помлади негови колеги како може музиката да биде релевантна и потребна во секојдневието кое не е воопшто сјајно за "обичниот" народ.

Послушајте:

loading...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна