Сума:

Романот  ,,Без тебе,,  е приказна за среќата,несреќата, судбината, надежта, алчноста, одмаздата и на крајот пак  ЉУБОВТА...

 Името на романот во оригинал е ,, UN AVION SANS ELLE ,, - MICHEL BUSSI,,

Романот ,,Без тебе,, - Мишел Биси е еден од најчитаните француски бестселери,  закитен со повеќе награди и преведен  на повеќе јазици.

Писателот Мишел Биси е Французин роден на 29 Април 1965 г. Универзитетски професор по географија, политички аналитичар кој почнува да пишува во 1990 година, најчесто криминалистички романи.

Издавач  на романот  кај нас е  Матица Македонска , Скопје, 2016г. со тираж 1000 од примероци.

Дејството во романот се одвива во Франција , временската рамка е од 1980 – 1998 година. Се започнува на 23 декември 1980 г. денот на големата авионска несреќа која се случува на врвот Терибл на планината Јура на Француско – Швајцарската граница.

Роман во кој приказната е испреплетена од почеток до крај, кој ве држи во неизвесност до читањето на последната страница!!!

Авионската несреќа на линијата Истанбул – Париз, во која животите ќе ги изгубат сите 168 патници, освен едно женско тримесечно бебе ??? бебе околу кое ќе се врти целата мистерија цели 18 години (1980-1998).Бебе кое ќе стане причина за борба помеѓу две семејства, едното (Карвил) богато кое може да плати се, да се служи со измами и лаги наоѓајќи ги и најмалите дупки во општествените институции за да ја оствари својата цел и да го добие тоа што го сака, не мислејќи дека за сето тоа некој, некако и некогаш мора да  ,,плати,,.  Другото( Витрал)  посиромашно, но полно со љубов и спремно да ја истера вистината на виделина барајќи и најмал доказ за да го докаже тоа што му припаѓа дури и нежалејќи за жртвите кои ќе мора да ги даде.   Цели две децении се влече случајот за Лиз Роз или  Емили, кое е вистинското бебе – веќе девојка- или ЛИЛИ името и за двете ?

Лили расте во куќата на Витралови заедно со својот ,,брат,, но тие се сакаат од тука се поставува прашањето ДАЛИ тие се срамежливи љубовници или роднини, НО тие се брат и сестра ДАЛИ ???

Цели 18 години трае борбата меѓу двете семејства, едното наоѓа приватен детектив, другото само се труди да ги најде трагите и доказите дека тоа е нивната сестра, внука или ќерка ?

Се оди до крајности на лудило, на депресија на болести и убиства немислејќи пошироко за тоа ни кои се жртвите ниту пак кои се и како им е на оние кои се живи...???

Таман ќе помислиш дека си стигнал до некаде и си разбрал што се слуцува или , доаѓа нов момент, постојано се појавуваат нови луѓе и нови учесници во злосторството ...

Врвот Терибл гробот на сите патници и еден мал гроб кој ќе го открие приватниот детектив на Карвилови - Лековерен Буф,  кој на крајот ќе биде одговорен за животот и смртта на сите луѓе.Тој постојано наоѓа понекој доказ со кој ги залажува и двете страни на страдалници давајќи им лажна надеж, а за своја корист земајќи ги парите од оние од кои  може без да има грижа на совеста, а од друга страна убивајќи ги сите кои ќе ги откријат неговите планови или  ќе му застанат на патот.

Одговорот на целата приказна и на сето страдање се наоѓа на насловната страница на весникот ,,Републикански исток ,, кој единствено  ја објавил веста за несреќата.

Братот на Лили  (Марк)??? постојано ги следи трагите, но секогаш е чекор зад детективот, за на крајот да го најде одговорот во стариот весник каде што на истата страница со слика од несреќата ќе види слика на млада 18 годишна девојка која е како копија на Лили, а тој ден е пријавена за исчезната, но нејзиното име е Мелани???

Сестрата на Лили (Малвина Де Карвил) постојано сака да ја добие нејзината љубов спремна дури и да убие. На крајот братото и сестрата (која е како луда) заедно ќе ја откријат болната вест за некој и радосната за друг.

Исчезнатата девојка од весникот ја наоѓа својата двојничка (ќерка) и сака остатокот од животот да биде блиска со Лили доколку таа и го дозволи тоа заедно и со нејзиниот син Том кој ќе има баба од 36 години.(А кој не би го сакал тоа.)

Бабата од 36 години која на 18 години морала да го жртвува своето бебе за да не биде осудувана од општеството затоа што ќе роди дете кое нема "татко" а таткото е накој кој и дал работа на младата мајка.

МАЈКАТА која сака нејзиното дете да има среќен живот макар оставајќи го подалеку од несреќата да не изгори, а да остане живо, надевајќи се дека некого ќе  усреќи со таа постапка. Тоа и се случува, на крајот и после сите маки и преживеани страдања Лили ке  заврши со мажот кој го сака и со синот кој ќе биде врската меѓу генерациите.

Последното нешто кое ќе го добие Лили за да биде нејзино се што и припаѓа е мечето БЕНЏО, кое ја чека цели 18 години во нејзината детска соба кај Карвилови.

Што да се каже на крајот кога ќе се прочита еден ваков роман кој од почеток до крај те држи во неизвесност. Таман мислиш дека го чувствуваш крајот, се појавува нешто што те враќа назад, нешто што не си можел да го очекуваш. Додека мислиш дека еден лик прави нешто добро да помогне за да не страда некој, тој испаѓа убиец.Кога ќе се случи некоја несреќа мислиш ќе престане потребата на тој лик да прави зло, но тој продолжува да прави уште пострашни работи, не мислејќи за последиците.

Овде има толку многу љубов, но таа создава убијци.

Толку многу алчност за пари каде не се гледа начинот на кој ќе се дојде до нив.

Останува прашањето "ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ ИЗГУБАТ ТОЛКУ МНОГУ ЖИВОТИ, ДА СЕ ПРЕКРОЈАТ ТОЛКУ МНОГУ СУДБИНИ" ???

ДАЛИ ЉУБОВТА СОЗДАВА УБИЈЦИ, А АЛЧНОСТА ЗА ПАРИ ГАЗАЧИ НА ТРУПОВИ ???!!!

Дали мајката мора да си  го остави детето на милост и немилост на планина на која има несреќа надевајќи се дека некој ќе усреќи со тоа што ќе му овозможи на своето дете да го живее животот кој го заслужува.

Дали парите треба секогаш да бидат средството со кое се добиваат нештата без да се размислува за никој друг освен само за себе.

Јас останав со многу прашања читајќи го овој роман.

И на крајот – Без кого?

БЕЗ ВНУКИТЕ, БЕЗ СЕСТРИТЕ, БЕЗ КЕРКАТА, БЕЗ ДЕВОЈКАТА – БЕЗ КОГО ?

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна