(Трагање по смислата)

... "Во туѓа шума појдов,

оган за својата да барам" ...

Јанко Нинов

Тоа полноќно делење на Часот

тоа моќно на гласот шевелење

Низ Оган и Штама

по Откосите

и Другиот Тој

што одвнатре плави

тагувајќи по косите

Сам

и Таа Сама

што Пат со Оган

низ Добрави прави

и несетно во Огнот те зема

и мигум чиниш

ја небило

ја нема

А Штама е што лекува

со тивок вев

сред нечии машки ветки

Во себе те вовлекува

е Жена

Празнина пошумена со

Зборови Ретки.

Сашо Гигов Гиш

роден 15.12.1968 година во Скопје

Стиховите се превземени од печатеното издание на стихозбирката "Другиот тој ти" во издание на НИП "Ѓурѓа"-Скопје во 1999 година.

Литературно творештво:

"Чинодејанија" (поезија, 1989) 
"Ритуал и пепел" (поезија, 1992) 
"Птица и ишарет" (поезија, 1993) 
"Сенка низ прстен" (поезија, 1994) 
"Душата на градот" (поезија, 1994) 
"Проѕирно црно" (поезија, 1997) 
"Другиот тој ти" (поезија, 1999) 
"Кругот" (поезија, 2000) 
"Метахемија" (поезија, 2004) 
"Разголената црнина" (поезија, 2007) 
"Конзоламентум" (поезија, 2008)

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна