Нам ни е дадено за ден да сакаме

и пак на разделба тажни да бидеме,

и пак си велиме: не заборавај ме!-

а може никогаш да не се видиме.

Пат ке ни препречат мостој соборени,

пат ке ни препречат градој изгорени,

пат ке ни препречи куршумот в чело.

И пак сме можеле тажни да бидеме,

и пак си велиме: не заборавај ме!-

а може никогаш да не се видиме.

Превземено од стихозбирката "Поезија" од Блаже Конески издадена во 1967 година

во рамки на едицијата "Блаже Конески:Избрани дела во седум книги",

од страна на издавачката куќа Култура-Скопје

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна