Сатиричарот Миле Ѓорѓијоски заедно со неговиот колега Витомир Долински денес ќе бидат дел од 15 Меѓународен фесттивал за хумор и сатира ,„Сатира фест“ чија тема годинава е “Беше еднаш еден лав“ а е посветен на 95 годишнината од раѓањето на големиот српски книжевник за деца Душан Радовиќ. На фестивалот кој е еден од најзначајните на Балканот учествуваат познати сатиричари од регионот и пошироко. Од овој фестивал произлегува највисоката награда од областа на сатирата „Златен круг“ награда која се доделува за особен придонес во развојот на светската сатира.Освен Ѓорѓијоски, оваа награда од македонските сатиричари ја има добиено и Васил Толевски кои воедно се и членови на друштвото на писатели. Во рамки на својот престој во Белград а како дел од соработката со ЈЛБ Илинден од Делчево двајцата автори ќе доделат книги на библиотеката при Националниот совет на Македонците во Србија.

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна