Во среда 11.10.2017 година со почеток во 10.30 часот во Делчево ќе се одбележи 11 Октомври-Денот на востанието на Македонскиот народ против фашистичките окупатори во Втората светска војна.

 

Традиционално како и секоја година букети со свежо цвеќе ќе положат и ќе оддадат своја почит бројни делагации и претставници на организации, здруженија и групи на граѓани од општина Делчево.

Настанот кој е во организација на општина Делчево ќе се одржи кај споменикот на паднатите борци од НОБ и ПОМ 1941-1944 година во центарот на градот.

Се покануваат сите граѓани да присуствуваат за што по достоинствено одбележување на овој значаен празник на Македонскиот народ.

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна