Сума:

Класичната предновогодишна атмосфера во Делчево за крај на оваа 2017 година синоќа беше збогатена со еден симпатичен настан за разбивање на недостигот на било какви културни настани во градот од крајниот исток од државата, во овој период од годината.

Новогодишниот сатирикон во организација на ЈЛБ "Илинден" Делчево во соработка со Општина Делчево на еден топол и пријатен начин овозможи за малку бројните присутни посетители на настанот за момент бегство од секојдневието и препуштање на магијата која произлегува од вештото перо на тројца афористичари кои пркосат на творечкиот дефицит на овој дел од државата.

Настанот го отвори претставник од организаторот, по што во официјалниот дел од програмата со своевидно отварање проткаено со афоризми и информации околу застапеноста на содржините на самиот настан вешто се наметна афористичарот Миле Ѓорѓијоски.

Посебно внимание беше истакнато кон дел од творештвото на неодамна починатиот великан и татко на Македонската сатира, авторот Иван Карадак, за кого во оваа прилика со посебен пиетет беа прочитани дел од неговите афоризми застапени во неговата книга "Мисли со боцки".  

Миле Ѓорѓијоски од Делчево заедно со  Јане Атанасов и Ленче Стоименова од Кочани како и секогаш и овојпат беа достојни на задачата и во свој препознатлив афористичарски дух ја подгреаа предновогодишната атмосфера за присутните.

Во нивните афоризми имаше од се по нешто и за сечиј вкус: eротика, политика, малограѓанштина, љубов, семејство, патриотизам, лидерство итн.

Во рамки на настанот спонтано или не се наметна потребата од читање на дел од творештвото на роднокрајните автори на различни литературни жанрови. Па така беа прочитани стихови од авторите Христина Деолска и Стеван Спасовски од нивни поетски изданија.

Како составен дел на настанот беше  презентирана изложба на бугарска карикатура, на кој беа претставени со свои карикатури најзначајните бугарски карикатуристи.

Посетителите на овој Новогодишен сатирикон премиерно премиерно да ги видат и карикатурите на нашиот познат карикатурист Блаже Докуле со кои на овогодинешниот фестивал во Сеул, Јужна Кореја во конкуренција на светската елита на карикатуристи овој наш реномиран карикатурист освои два бронзени медали.

Како специјален подарок секој посетител во публиката доби подарок-карикатура од афористичарката и карикатурист Ленче Стоименова.

За крај на оваа статија ќе упатиме еден своевиден апел дека културните вредности е потребно да се негуваат, унапредуваат и афирмираат во сите нивни форми и облици, како од сите граѓани на општината и пошироко во државата, така и од страна на надлежните институции.

Маргинализираните културни дејности не се од корист никому, и создаваат директна штета на квалитетот и начинот на живот на граѓаните.

Да не зборуваме за културолошките, социјалните и пошироко сите општествени влијанија кои се создаваат поради забележливиот недостаток на автентични и прогресивни културни содржини кои ќе создадат минимум простор за едно достоинствено општествено битисување на еден град (општина) како што е Делчево.

Во надеж за подобрување на ситуацијате и очекување на некој иден ваков или сличен настан, Ви посакуваме Среќна нова година.

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?


Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна