Во општина Виница привршуваат подготовките за изградба на новиот Музеј на Култура, проект кој заедно со музејот “Теракота“ и Виничко кале е дел од активностите за збогатување на културната и туристичка понуда на општината.

-При крај се подготовките по што ке следува реализација на проектот, кој за културната историја на виница ќе значи многу. Планирано е во новиот музеј да се видат сите облици на културното живеење во виница од 19 век па се до денес. Преку презентација на автентични предмети, документи и фотографии, траидиоцлани носии и стари музички инструменти да се прикаже растот на Виница во делот на културата, истакна актуелниот градоначалник Емил Дончев.

Исто така во музејот на културата ке оставиме простор и за презентација на ансамблите и фолклорните групи од овој крај, градскиот машки хор, тамбурашкиот оркестар, староградските групи “ Јана “ и “ Распеани Виничани“. Ќе има простор и за фестивалот за Хумор и сатира “ Ин Виница Веритас“, фестивалот “Истибањско здравоживо“ и се што на некој начин е поврзано со културните збиднувања на овие простори.

Музејот на културата во виница ќе се гради со финансиски средства од буџетот на општината предвиден за оваа и наредната година.

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна