Неповторлива магија, раскош и убавина, преубаво ѕвездено небо, луѓе сплотени низ бојата на љубовта кон македонската современа и беспрекорна музика...

Вака некако би започнала книгата која слободно може да се напише за синоќешниот концерт на маестралните и безвременските гласови на Зуица Лазова и Наум Петрески.

Безвременските хитови со кои живеат генерации и генерации на Македонци како во државата така насекаде низ светот, прозвучија со целата своја убавина и раскош на летната сцена во центарот на Делчево.

Прекрасно е чувството под исто парче небо да се види гордиот и строг поглед на повозрасни делчевчани, да се слушне детскиот џагор и немир на најмладите делчевчани, а истовремено тука некаде да може да застанеш рамо то рамо, прегратка до прегратка, срце до срце со оние кои себеси се сметаат за вечно млади... Распослана убавина на погледи на горди и стамени пријатели, познаници, соработници, комшии и некои нови ликови кои за првпат ги гледаш. Во овој прекрасен и не толку голем град, каде сите се познаваат, да сретнеш некого за првпат и да ти падне жал зошто не си го познавал од претходно....

Музичката магија започна во 21.00 часот пренесена од звуците на милозвучниот оркестар кој наликуваше на мека и топла лулка за гласот на Зуица која по којзнае кој пат блесна во своето најубаво издание. Хит, по хит, песна, по песна... Вистинска бајка исполнета со љубов, среќа, на моменти немир, гордост, чест, убавина, тага.... Си имаме ние своеи ѕвезди кои личат токму на оние на небесата, кои без престан може да ги осветлуваат животите на нашиот народ. За некаде на средина од оваа концертна магија Зуица со својата песна да го повика Наум, да и се придружи на сцената и заедно со целата своја снага и убавина на нивните гласни бранови да го прегрнат овој преубав и горд народ. Совршенство пренесено низ песна.... Ваков блесок ретко може да се запримети од оние кои не живееле на Македонски начин.... А мноштвото делчевчани го сетија како топла дланка како ги гали нивните срце.

Стоејќи настрана, посматрајќи ги лицата и очите на овие кротки луѓе, човек си вели: За ова вреди да се живее и работи, дури и по цена на последните атоми на сила и храброст. Кулминацијата на овој целовечерен концерт беше резервирана за неговотео величество Наум Петрески. Без многу должењеќе кажам само: nекои Македонци не се свесни за богатството со кое располагаме!

А Делчевчани, специјално стокмени за овој концерт, во голем број подадоа рака на блискост со своето присуство, пред летната сцена во Делчево, и им порачаа на сите останати: Македонската музика е најубавиот патоказ за наша лична препознатливост во овој суров и збудален свет.

Македонската музика не е само песна испеана на сцена! Таа е шепот на вековите, силен татнеж на времињата, горд патоказ за иднината, нескротливо знаме на денешнината...

Симбол достоен за погледот на Македонскиот народ, овековечен во срцето на нашето постоење. 

Срце кое без оглед на се, ќе продолжи да чука, онака како што само тоа знае и умее.

Синоќешниот целовечерен концерт беше во организација на Градоначалникот на Општина Делчево, г-динот Дарко Шехтански и општинската администрација.

 

Да се надеваме дека оваа преубава магија ќе продолжи да кружи меѓу нашиот народ уште повеќе и во иднина.

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна