Летната сцена во градскиот парк во Делчево во среда 07.06.2017 година беше епицентар на едно раскошен и блескав културен настан кој подолго време ќе се памети од делчевчани.

Националната гордост, репрезентот на македонската традиција и култура во светски рамки, Националниот ансамбл на народни игри и песни Танец на многубројната делчевска публика им приреди спектакуларна вечер со богатиот свој уметнички опус за презентација на Македонската култура и традиција преку песни, ора, облека, накит, везови, музички инструменти и воопшто белег на Македонски идентитет.

Воодушевувањето кај публиката беше на евидентно високо ниво за што сведочеа громогласните аплаузи упатени кон изведувачите кои целокупната своја енергија и духовност ја распослаа пред очите на многубројната публика. Дечиња од најмлада возраст, млади, средовечни и оние највозрасните.... Сечие срце биеше во еден ритам. Ритамот на Македонската традиција, пренесена од страна на нејзиниот најдобар репрезент! Македонија има со што да се гордее. Таа гордост е потребно уште повеќе да се надградува, развива, негува и облагородува. Срцето на Македонскиот народ чука силно и непрекинато преку срцата на овие беспрекорни уметници кои својот дух и целата своја љубов ги имаат вградено во секој чекор, во секој тон на народните инструменти, во секој поглед кон хоризонтот зад публиката, во секој здив, во секоја насмевка....

Се залула китно оро, згрмеа зурли и тапани, се затресе сцената... Она што во средата во најубавата летна делчевска квечерина, беше храна за душата за присутните делчевчани, остана како разигран дух да сведочи во споменот за овој прекрасен настан за деновите што доаѓаат. Остана гордиот грамаден дух на убавината и тежината на раскошниот Танец, да се вие над бетонските кампади во центарот на Делчево, и да се раскажува оваа бескрајна приказна за овој величествен настан, за да допре до сите оние кои не беа да го видат ова визуелно, звучно и душевно воздигнување.

До некое наредно видување, зошто едно видување-еден живот.

Наши херои на современото македонско секојдневие, Ви благодариме на Вашето споделено време...

Време на заедништво на народот со неговата гордост.

Ова дружење, оваа сплотеност на нашиот народ со традицијата, песните и ората, е наша обрска и наша мисла водилка за времињата што ни претстојат. Нема ништо поубаво од нашата традиција, зошто таа е она што нас не идентификува како народ.

Настанот беше реализиран во рамки на годишната програма на  Националниот ансамбл на народни игри и песни Танец, во соработка со Градоначалникот на општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански. Богатата и успешна соработка меѓу општина Делчево и Танец датира од поодамна а само во изминатите неколку години реализирани се повеќе вакви успешни концертни соработки. Секако довербата укажана од страна на менаџментот на Танец кон општина Делчево постојано се надградува и унапредува, за што посведочи и овој целовечерн концерт на општо задоволство на големиот бројј на присутни граѓани во центарот на Делчево.

Организацијата и спроведувањето на зголемениот број на вакви значајни културни настани во општина Делчево во изминатите години стана препознатлив белег за општинската администрација. Реализацијата на обемната програма за култура и одбележување на културни настани и личности од општината во изминатиот период е на највисоко можно ново од постоењето на самата општина Делчево. Оваа пракса за негување и унапредување на вистинските културни вредности потребно е да продолжи да се реализира и во иднина. Општина Делчево има огромен потенцијал да се развива на културен план. Овој наш ресурс кој го имаме на располагање во изминатите години допринесуваше во голема мера за опстојувањето на општината од сите аспекти. Културното богатство може уште повеќе и поизразито да се искористи за унапредување на социјалниот, економскиот и останатиот севкупен развој на Делчево. За тоа е потребно уште поголемо залагање од општинската администрација, приватните и сите останати физички субјекти со што културниот живот би дошол до едно одржливо ниво на постоење од општ интерес за сите. 

Досега инвестираните финансиски средства, големото количество на енергија, поминато време и нагорниот тренд на зголемување на бројот и квалитетот на културни содржини од страна на општинската администрација секако е од огромна почит, но сепак за вистинско заживување на еден развиен културен тренд во општината е потребна уште поголема  општествена одговорност од сите делчевчани. За поздравување е огромниот елан на повеќе граѓански организации кои сесрдечно допринесуваат кон општиот културен развој на општината. Желба има, ресурси постојат, имаме со што да се пофалиме.

Недостига зголемена граѓанска свест и уште поголема одговорност од сите нас заедно кон актуелното општествено опстојување во Делчево и пошироко, со што културата ќе го добие приматот за еден од основните двигатели на Делчево и Република Македонија.

ozio_gallery_nano

 

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна