КУД „Гоце Делчев“ го распиша конкурсот за избор на брачен пар кој ќе биде носител на 11 издание на манифестацијата Пијанечко-малешевска свадба. Меѓу главните услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите и годинава е еден од младоженците да потекнува од Пијанечко-малешевскиот регион.
-Конкурсот е објавен и ќе трае еден месец односно некаде до крајот на јуни ќе можат да се пријават сите заинтересирани кои сакаат да бидат носители на 11 издание на Пијанечко-малешевската свадба. И годинава еден од главните услови е еден од младоженците да потекнува од овој регион и исто така младоженците да имаат склучено правен брак а доколку тоа не го сториле, тоа да го направат за време на имплементацијата на свадбата, рече кореографот во КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, Зенил Реџепов.
Првите активности за настанот кој е бренд на овој регион започнуваат кон крајот на месец август, а новитет на свадбата годинава според организаторот е тоа што сите истражувања за свадбените адети во Пијанечко-малешевскиот регион ќе можат да ги видат над 3000 посетители на летната сцена во градскиот парк во Делчево.
-Значи ние 11 година по ред вршиме истражување на свадбените обичаи, секогаш истражуваме нешто ново, а бидејки свадбата е бренд на овој крај годинава сите посетители кои ги очекуваме во бројка од над 3000, ќе можат сите обичаи да ги видат со сценска изведба на летната сцена во Делчево. Активностите за свадбата почнуваат за време на празникот Богородица и ке траат негде до 7 септември, истакна кореографот Реџепов.
Во предвечерието на манифестацијата ќе се одржи и 41 издание на Меѓународниот фолклорен фестиовал на кој учество ќе земат 15 домашни и 5 фолклорни групи од странство.
-Паралелно со манифестацијата Пијанечко малешевска свадба по 41 пат ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал на кој ќе настапат околу 20 културни уметнички друштва. Од нив 15 ќе бидат културно-уметнички друштва од Макеоднија додека ќе се пртетстават и 5 културно-уметнички друштва од неколку европски држави, додаде на крајот Реџепов.
Инаку, Пијанечко-малешевската свдаба која влезе во програмата на Министерството за култура и годинава е поддржана од општина Делчево и партнерските општни Берово и Пехчево како и од невладиниот сектор.

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна