Би сакала да започнам со поетски изливи, за значењето и почитта кон жената, но се двоумам. Анализирајќи ги реалните случувања на некои мои пријателки, празников нема никакво значење со положбата на жената во општеството.

loading...

Каква е таа здравица на ден кој треба да се слави рамноправноста и слободата на жената, кога треба да го моли мажот дали смее воопшто да оди на прославата. Прв чекор на нерамноправност и потиснатост.

Честитањето на 8 ми март дефинитивно го доживувам како екстремен спорт. Ти честита кој стигне, а кој не стигне, ти честита на 9 ти. 

-Ма кој си ти да ми честиташ лицемерен опресору, војник на патријархатот?! Знаеш ли да одговориш со што е толку посебна жената?! Разлика направена со негување на традиција, жената да биде гледана како расплод, да готви и да е декор на мажот... Убеди ме дека ова повеќе не постои, па изговори честитка, сочувствувај честитање!

Во време на пребрз  нездрав живот, слаби финансии, големи желби, изгубени вредности , ти така збунет - бираш подарок. Талкаш по продавници, бутици, цвеќарници, разгледуваш каталози за ситни работи, се трудиш да одбереш помеѓу оваа или онаа боја. Се истрошуваш, се губиш за еден подарок кој не смее да ефтин за да не ја навредиш, ниту скап за да преживееш од утредента. Украси си го бакнежот на раката на една жена со шарена кеса, создади дијаманти со очите и погледни ја да ја засени почитта која ти излегува, створи љубов со рамената и прегрни ја... мајка ти, баба ти, сестра ти , љубената. Зборувај ми за фискалната сметка на овие подароци?! Сакаме мудри постапки, обмислени...ние жените. Биди посебен и заедно со тебе земи си слободен ден. Слободен само за вас. Во еден момент, кога веќе универзумот си и го доближил на саканата, ќе можеш од страна да ги видиш другите како губат многу додека бараат ништо.

loading...

А ти го подаруваш она, што никој го нема во тој момент. Ќе ѝ го подариш времето... посматрајќи ја, ќе почуствуваш дека си и честитал, не рамноправност, туку нешто многу повеќе од тоа и над тебе.

А таа... Таа носи фустан во светла боја, со претходно извежбан од чекорејќи низ куќа, го собира стомакот, те гледа во очи, се насмевнува на она што мудро и е сервирано, ги нашминкува очите за да и размислуваат, оти и светат од убавина, а не од солзи, жена е...

 

Ти ја поставува масата со скромните намирници кои си ги подготвил, наточува вино, те повикува да наздравите , жена е... Што претставува 8 ми март за сопругите на никој, за пожртвуваните мајки, за оние кои си легнуваат во распар пижами и дури и тие утрото им се низ врат насобрани, од големиот простор за танцување во сонот врз големиот кревет. За сите премолчени неправдени, за она што сме, за храброста и цврстината, оти жени сме...

Некаде оковани, некаде посилни и од маж, но сеуште не и рамноправни!

loading...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна