New year's atmosphere in Delcevo 23.12.2012Како и секое делчевско утро се будам по навика со отварање на очите најпрво како е редот, лево па десно. Ова утро ми се чини плафонот некако повисок од претходно. Отпосле забележувам дека сум паднат од креветот и лежам на подот. Дури и се осеќам, поинаку- во топ форма сум.

 Кај е за мене кревет си велам? Почнувајки од некогаш во иднина сакам да почнам да спијам на подот, така да не се плашам од паѓање од креветот. Часовникот покажува девет саат, но всушност часот е осум. Така сум го направил за редовна утринска мисловна гимнастика, за да можам полесно да се расонам.Кога ке сватам дека еден час доцнам (според часовникот, но не и во реалноста-мора да признаете дека ова е обемен мисловен процес додека тоа го сватите)-знам дека сум при себе. Знам дека сум се свестил од навалата на соништа за кои не знам дали се навистина соништа или пак јаве.

Ногавица една ногавица друга, два ракави, една четка за заби, млаз вода на лицето, крпа, чај со леб и маргарин (за Добро утро) и ставен сум во колосек. Делчево нема железница но сепак: ЈАС СУМ ВО КОЛОСЕК! 

New year's atmosphere in Delcevo 23.12.2012

Седнувам како црногорец да одморам и си велам колку само ми недостига "Бонанца". Морам да излезам да прошетам...Часот е негде пред девет-според реалноста, не според мојот ѕиден часовник, а денот да ти бил недела. Сигурен сум дека е така бидејки ѕидниот календар така вели, а сепак се сеќавам дека вчера беше сабота па најлогично е денес да е недела. Всушност не бев сигурен за логичноста на оваа причинско-последична релација на следственост на деновите во неделата, па затоа и го погледнав календарот. Штом календарот ти вика дека е недела-недела е! Нема дилема.

Излегувам низ вратата, и мрзеливо престапувам од скалник на скалник удолу по ходникот. Веќе сум надвор и позната приказна-Поглед кон длабокиот хоризонт на исток-а таму сонце, позади небо. Илузија која до темниот среден век ги мачела луѓето, и им се смеела на нивната неукост. Се е некако пусто... Човек може да го слушне трепетот на воздухот.

Нема фреквенција, нема движење, времето застанало. Си мислам со право сум го ставил часовникот на ѕидот еден час назад-дури можеби требало два... Од кај се најдов јас најпаметен да ја рушам оваа идила- кај ми текна да шетам баш сега. Но, нешто длабоко во себе ми вели дека сум направил паметен избор. А јас против внатрешниот порив не можам...

Текстот продолжува....

Текстот е напишан 2010-11-19 07:58:49

Reevolucionerlogo4 

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна