Енкаустиката како ликовна техника претставена и во Делчево. Своите дела изработени во техниката која била својствена за древните народи на својата прва самостојна изложба ја претстави авторот Христина Деолска . За авторот Деолска ова е начин на изразување на своите чувства.

-Со ова сликање се занимавам последните 10 години, аматерски, таа е техника на цртање со восочни бои, јас сликам со пегла нанесувајки восок на хартија, инспирација црпам од секојдневниот живот, од емоциите, од случувањата. Техниката ја видов на интернет, пробав и видов дека на тој начин најдобро можам да си ги изразам чувствата и она што го чувствувам во себе.Техниката е стара, таа потекнува од Египет, стара техника е, рече авторот Христина Деолска.

Изложбата која беше отворена во фоајето на Спомен дом АСНОМ се реализира со поддршка на Центарот за култура “Н.Ј.Вапцаров“.

-Убава  прилика, убава можност да ја поздравиме Христина Деолска која ни приреди уште едно изненадување, имаме некаде околу 50 нејзини дела кои посетителите во наредните неколку дена ќе можат да ги видат на една убава изложба која му фалеше на градот, рече директорот на НУЦК “Н.Ј.Вапцаров“,  Љупчо Петровски.

Посетителите кои беа присутни  на отворањето на изложбата  беа воодушевени од делата на Деолска.

-Многу добро ,ја знам Христина како човек, едноствано преубаво, рече една од посетителките на изложбата.

- Имаме изложба на еден уметник жена, тоа ретко се случува во Делчево, се надевам ова ќе биде една иницијална каписла и за другите кои творат, рече афористичарот Миле Ѓорѓијоски.

Христина Деолска освен во уметноста е активна и на книжевно поле.

-Претежно поезија пишувам, имам издадено една збирка песни па сега подготвувам нова, рече авторката.

Изложбата останува отворена и во наредните денови, а во соработка со Културно-информативниот центар “ Романса “, наскоро се планира делата на уметникот Христина  Деолска да бидат изложени во новиот Дом на култура во Македонска Каменица.

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна