Градскиот музеј кој во Делчево постои од 2001 година крие голем број на артефакти кои ја потврдуваат тезата за многу вековната македонска историја. Археолошките експонатите кои се наоѓаат во музејот во Делчево датираат од енеолитскиот период познат како Бакарно време па се до 7 век од нашата ера. Етнолошките експонати кои може да се најдат во музејот се мноштво предмети кои ги употребувало домицилното население кое низ годините наназад живеело во Делчево, предмети кои датираат од XIX и XX век па се до денес. Во археолошката збирка можаат да се најдат повеќе од 150 предмети од кои повеќето се теракоти, потоа има украсни предмети и има фигури кои што датираат од различни периоди, од „енеолитот“, „бронзата“, „железно време“ па се до VII век п.н.е. Во етнолошката збирка на музејот пак може да се видат стари предмети од секојдневното живеење на жителите на областа „Пијанец“, меѓу кои облека која е користена од овдешното население во периодот на XIX и XX век, потоа куќни предмети и предмети кои служеле за секојдневна работа во домаќинството и при извршувањето на полските работи. Ова непроценливо богатство може да се погледне и е ставено практично на увид на граѓанството и на посетителите секој ден. Делчевскиот музеј можат да го посетат и „намерници“ и секој оној кој има желба да се запознае со културно-историското наследство со кое располага општина Делчево.

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна