Првиот петок по Велигден се нарекува Источен петок Балаклија, празник кој спаѓа во Светлата недела поради што е и наречен Светол Петок, а некаде може да се сретне под името Благ Петок. Празникот е посветен на Пресвета Богородица на која и се оддава признание со тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

На овој ден луѓето ги посетуваат изворите за кои се смета дека се лековити и затоа најчесто се празнува во црквите и манастирите кои се наоѓаат покрај извори.Во Делчево на овој ден голем број на верници го посетуваат манастирскиот комплекс “Св. Богородица Балаклија“ во Делчево“ каде во чест на мајката Божја се палат свеќи за здравје и се замиваат од водата која според старите преданија има лековито својство. 

-Манастирот “Св.Богородица Балаклија“ во Делчево најчесто е посетен на празникот по кој и го добил името, нашите парохјани доаѓаат овде да се замијат со водичката затоа што од изворот произлегува вистината што најдобро може да се согледа од црковните преданија кои велат дека во времето кога царот Лав шетал во шумите кај Цариград слушнал глас од Света Богородица која му рекла: -Лаве, барај и ќе најдеш извор кој ќе даде да прогледне старецот што ти бара вода. Тогаш прогледнал старецот и затоа овој петок се вика и Светол Петок. Затоа на тој ден и нашите парохјани го посетуваат манастирот за да се замијат од водичката за здравје и спасение на нив и нивните фамилии, истакна Атанас Поповски, отец во делчевската црква "Успение на Пресвета Богородица".

Освен за палење свеќи и миење од водата крај манастирот, домаќинките кои го посетуваат манастирот за здравје и бериќет ги делат и своите превкусни погачи, а за сите гости добронамерници кои ќе присуствуваат овој петок во Делчево ќе биде обезбеден ручек со што за таканаречената заедничка трпеза на љубовта според стар традиционален рецепт ќе биде подготвена една од највкусните манастирски манџи подготвени од вредните рацете на искусните готвачи. За празникот често се организира и културно-уметничка програма подготвена од младите играорци, инаку членови на културно уметничките друштва „Никола Јонков Вапцаров“ и „Гоце Делчев“ од Делчево. Често на настанот свој придонес знаеле да дадат и членовите на групата која го изведува едно од најпознатите ора во Македонија, орото „Копачка“. Сите верници и годинава се добредојдени да го одбележат празникот Источен Петок Балаклија и низ заедничка дружба да ја продолжат традицијата како што налагаат обичаите на православната христијанска вера.

Во продолжение прегледајте ги нашите архиви од фотографии поврзани со овој настан во минатото.

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна