Многу радост, насмеани лица, креативност, многу љубов и среќа исткаени со традиција и огромно внимание.
Ваква беше сликата во центарот на Делчево денеска во претпладневните часови.

Причина за оваа преубава слика беше традиционалната велигденска изложба на велигденски јајца која се одржува во Делчево по повод Велигден.
Вредните раце на дечињата со огромна посветеност и љубов имаа подготвено свои мали уметнички креации, во чест на претстојниот христијански празник Воскресение Господово-Велигден.

Делчевчани имаа можност да си купат дел од изложените креации, а парите собрани во рамки на настанот ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Овој настан се реализираше во организација на општина Делчево а во соработка со локалните основни училишта, детската градинка и клубот на млади при ОО на Црвен крст од Делчево.
Во продолжение погледнете ја нашата фото галерија од настанот.

 

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна