Книгата во која се сместени делата на 20 афористичарки од земјите на поранешна Југославија, насловена „Жена и афоризам“, денес беше промовирана Во Делчево. Бидејки промоцијата се одржа во просториите на приватна модна конфекција, публиката разбирливо беа самите жени работнички, оние за кого всушност и е наменета книгата.

-Самиот факт што книгата се однесува на жените допринесе нејзината промоција да се случи во просториите на работна организација во која најголем дел од носечката дејност на работата се жените. Мислевме дека ова е идеалното место да се презентираат афоризмите кои се пишувани од женска гледна точка со нивен поглед на реалноста, истакна организаторот, познатиот афористичар Миле Ѓорѓијоски. Се надевам, рече Ѓорѓијоски, дека овој настан ќе биде еден нов двигател на еден нов бран во културата. Ако мене лично ме прашате, ако треба да одберам каде би правел промоција на некое дело и притоа да морам да изберам помеѓу вип-ложа и работничка менза, јас радо тоа би го сторил во работничката менза, додаде Ѓорѓијоски кој исто така рече дека настанот е дел од одбележувањето на 1 Април, денот на шегата.

Во самата книга „Жена и афоризам“ со свои афоризми свој допринос дадоа и три афористичарки од Македонија.

-Ова е доста интересна книга која има и некои единствени решенија со карикатури кои ја прават посебна, најдобро е книгата да ја прочитаат мажите кои ќе можат да осознаат дека жените имаат навистина голем број на теми за пишување, рече една од авторките, Деана Саиловиќ.

-Кога станува збор за оваа книга мене ме исполнува посебно задоволство, бидејки според нашите истражувања откривме дека досега таква книга не е напишана, во неа се опфатени сите теми, нема тема која не е обратена а притоа да не е опфатена жената, рече една од авторките Ленче Стоименовска.

Инаку, втората промоција денес се одржа кај манастирскиот комплекс „Балаклија“ каде своето творештво го презентираа авторките Кристина Деолска, Перса Стојановска и Кети Ангеловска.

 

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна