Делчевските роднокрајни автори меѓу кои Христина Деолска, Миле Ѓорѓијоски, Перса Стојановска и други ќе бидат дел од завршниот хепенинг кој го организира ЈУ „Браќа Миладинoвци“ во рамки на Саемот на книгата кој на 6 април ќе се одржи во Скопје. 

Настанот се одржува како дел од кампањата на библиотеката која има за цел подигање на свеста за улогата на библиотеката во зедницата која пак е дел од проектот „Библиотека за библиотеките“ кој е целосно подржан од Градоначалникот на Град Скопје.

-На штандот на саемот на 6 април ќе се претставиме со роднокрајните автори, бидејки ЈЛБ Илинден од Делчево е многу горда на нашите автори, имаме подготвено и видео запис кој ќе оди во склоп на презентација на сите библиотеки во рамки на проектот на библиотеката „Браќа Миладиновци“. Меѓу имињата на авторите со кои ќе се претставиме се Димитар Стојчевски, Билјана Димитровска, Кристина Деолска, Перса Стојановска, Киро Филиповски, Стеван Спасовски и Кети Ангеловска, истакна Анита Петровска од ЈЛБ „Илинден“.

Во рамки на презентацијата на ЈЛБ „Илинден“ на 6 април во Скопје со видео записи и презентација на своите дела ќе се претстават Миле Ѓорѓијоски, Славчо Десподов и Димитар Узунски.

- На штандот дел од авторите кои ќе бидат присутни со нас ќе ги претстават своите дела, а меѓу нив ќе бидат и авторите Миле Ѓорѓијоски кој ќе се претстави со првата илустрирана балканска антологија на еротски афоризми „Будење на петелот“, Димитар Узунски кој пред присутните ќе ги претстави своите две дела „Копачката, чекор по чекор до УНЕСКО“ и „Легендата на Копачката“ додека своето дело ќе го претстави и Славчо Десподов како автор на „Монографија за Делчево“, рече Петровска.

Инаку, презентацијата ќе се одржи во третата хала на Саемот каде во рамки на отворената библиотека сите учесници со својот штанд ќе може да контактираат со читателите.