По сценарио и режија на делчевецот Андреј Илиевски - Волкашин, во с.Град беше снимена последната клапа од краткометражниот филм насловен „Коливо“, филм кој е ко-продукција на Concept studio од Бугарија и VEDA FILM Productions од Македонија. Филмот доби поддршка од Македонската агенција за филм, бугарскиот „Национален филмски центар“ како и Општина Делчево. За сценаристот Илиевски пресудно да се роди идеја за овој филм биле традиционалните адети од минатото кои му останале во долго сеќавање на младиот режисер од Делчево.

-Таканареченото „Коливо“ кое го имаме како адет беше пресудно да се роди идејата за филмот, бидејки тоа е еден вид празник за сите нас кои потекнуваме од овде, еден вид на наша култура и наш менталитет. Бидејики потекнувам од с.Град логички беше и дел од филмот да се сними тука, рече Илиевски.

Еден од главните ликови во филмот е „Дана“, чиј живот станува откриен откако нејзиниот љубовник пристигнува на денот кога нејзиното семејство се собира на традиционалното коливо. Во филмот настапуваат познати актерски имиња, а главната улога ја толкува Лабина Митевска.

-Моја желба беше за мојот прв филм во Македонија главната улога да ја толкува токму Лабина Митевска. Таа е навистина прекрасна личност пред се, а воедно и голем професионалец. Освен Лабина, во екипата свое место најдоа и Дејан Лилиќ, Симеон Дамевски како и легендата на македонското актерство Јоана Попоска. Во филмот кратко се појавуваат и млади актери од Делчево. Останатата екипа ја сочинуваат Кирил Проданов кинематограф, Илина Ангеловска сценограф, Жаклина Крстевска костимограф, Невелин В'лчев монтажер. Игпр Василев Новоградска композитор, Крстјо Ламбев ко-продуцент и Елена Станишева продуцент, рече Илиевски-Волкашин.

Инаку, снимањето во с.Град започна на 12 март, а премиерата во Македонија како што истакна режисерот Илиевски ќе биде по неговото прикажување на некој од реномираните фестивали во Европа.

 

 

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна