ЗФГ „Копачка“ с.Драмче, Делчево го одржа своето редовно годишно собрание. Во рамки на работата беа усвоени извештаите за финансиското работење на групата во текот на 2016 година, а беше усвоена и програмата за работа за тековната година. Секретарот Перса Стојановска пред присутните членови на „Копачка“ го изрази своето задоволство за постигнатите резултати од изминатата година, година во која групата имаше многу настапи како во Република Македонија така и во Бугарија, Хрватска и други земји. За Стојановска меѓу најзначајните активности во 2016 се излегувањето на монографијата на Димитар Узунски во која е опишан неговиот животен пат со „Копачката“ како и документарниот филм во кој е опишан процесот кој беше клучен за впишувањето на орото „Копачка“ на репрезентативната листа на заштитени добра на UNESCO.

-Денес на некој начин дадовме отчет за сето она што беше важно во однос на нашата работа во изминатиот период од една година, од финансиските извештаи и сето она што го сработивме, а можам слободно да кажам дека сработивме многу. Бевме дел од повеќе гостувања како во Македонија така и надвор од неа, посветивме многу време на изработката на документарниот филм кој го прикажува патот на орото Копачка до UNESCО. Исто така заедно со присутните уште еднаш се запознавме со активностите кои не очекуваат годинава а тоа се настапите во Словачка и Бугарија каде „Копачка“ заедно со „Гласоечко“ ќе бидат промовирани како нематеријални културни добра од Македонија заштитени од UNESCO, рече секретарот на здружението „Копачка“, Перса Стојановска.

Освен споменатите активности во периодот кој следи ќе се истражуваат и варијантите на играта „Копачка“ што се изведува на соборите во Пијанец, со тоа што од тие записи се планира и видео запис како и издавање на каталог.

 

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна