Орото „Копачка“ годинава навршува 2 години од влегувањето на репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на УНЕСКО. Во рамки на настанот кој по тој повод е организиран за в сабота 4 март во фоајето и малата сала на Спомен дом „АСНОМ“ се предвидени следниве активности:

11,30 часот:- Дефиле низ градот Делчево
12,00 часот: - Изведба на националното и светско културно наследство, орото „Копачката“ 
12,10 часот: - Претставување на Формација „Леб и вино“, Сандански, Р, Бугарија- со песната „Леле Маце“
12,13 часот: - Промоција на документарниот филм „Копачката во УНЕСКО“
Промотори:
- м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог/овластен раководител на Одделението за нематеријално културно наследство и
- Перса Стојановска- секретар на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево
12,50 часот: - Промоција на монографијата: „Копачката, чекор по чекор до УНЕСКО, мојот живот со Копачката“ од Димитар Узунски 
Промотор: 
- д-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог научен соработник во Институтот за фоклор „Марко Цепенков“ - Скопје и претседател на Националниот Комитет за Македонија при Интернационалниот совет за традиционална музика 
- авторот Димитар Узунски
13,20 часот – Доделување на благодарници
13,30 часот - -Коктел и забава