Помала група на претставници од Ѕвегорската сурова, денеска учествуваа на манифестацијата Струмички карневал во Струмица. 

Со надалеку препознатливите и автентични маски кои можат да се видат само во селото Ѕвегор на 14-ти јануари десетина суроваскари  продефилираа на централното девиле по струмичките улици. Притоа беа претставени само дел од живописните суроваскарски маски на Ѕвегорската сурова. Белаците како најавтентични и надалеку препознатливи и на оваа манифестација се ставија себеси во улога на одржувачи на редот и мирот околу 

Традицијата на Ѕвегорската сурова е една од најбогатите и најраскошните, кои што ги има нашето поднебје. Жителите на село Ѕвегор достојно ја негуваат оваа традиција, без разлика на сите премрежја што го имаат заваќано селот Ѕвегор. Со гостување на Ѕвегорската сурова во републички но и межународни рамки оваа традиција пополека допира до се поголема публика, која што редовно е импресионирана, што од самите маски, но многу повеќе од значењето и симболиката на истите и воопшто самиот настан.

Учеството на манифестацијата Струмички карневал беше под покровитеслтво на Градоначалникот на општина Делчево, г-динот Дарко Шехтански

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна