Сума:

Сите ние мечтаеме за нешто...За некого!

Мечтаеме за богата куќа со сребрен темел, во која не сме моќни да создадеме дом.

Мечтаеме за богата трпеза, од пиле млеко... Но и во случај кога би ја имале таа гозба, би седнале сами, со пердув во раката од пилето, да си ја нагостиме зар’ѓаната празнина во желудникот.

Замислуваме пресветол ноќен поглед на некоја метропола од прозор, се жалиме на утринскиот спокој барајќи сообраќаен немир... Дишеме чист воздух а, ни недостигаат контејнерите на големиот град...

При трезен мозок празни си легнуваме, толку совесно чисто... Што знае денот за спомените?! Што знаат спомените за ноќта?! Празни...празни си легнуваме, незнаејќи дека со поглед ерупција би предизвикале на најблиската планина.

Погледнете... Тече ли лавата? Гори ли? ... Зашто бегате? Ете ви спомени... Дозволете заситени да заспиете во вашиот дом, со само еден искрен поглед не многу далеку! Направете, кога ќе се пробудите живеењето да ви има живот, денот да ви има име и презиме...

Кренете ја ролетната од слепилото на вашите желби, животното сценарио е борбата, не мечтаењето. Колку само убаво се чувствуваме кога не ни е до никого, така студени со погани усти шетаме по тротоарите...

Таа срцева горчина, ни медот во уста што го ставате со чајот не ја блажи...

Ова мало парче земја, источна малечка магија, ја лечи само пола филџан од пијалокот "сеедно", на се што ве дразни на неубаво...

Верувајте, идилата на денот ја пронаоѓам и во слободниот детски џагор низ зеленилото во некој училишен двор...

Толку слободни, толку безбедни... Околината, сонцето, таков денот, таков секој нареден ден исполнет со спокој...

Да си немав свој сопствен свет, ќе полудев во овој!

И ете ме, ниту млада, ниту стара, но упорно одбивам да сум во склад со годините. Секое утро се будам со челична желба да го променам светов... И така пораснав... И така сватив, дека кај и да одиме, со вас си го носите битието...

Верувајте, посакувајте... Затоа што и чудата се досадуваат понекогаш. Домот сте самите вие, тука ... Во ова навидум заборавено место, но од Бога Благословено...

Со помалку народ, но со луѓе!

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна