Сума:

Многу пати се преселував, многу пати леглото го менував. Сум била сведок на многу изгрејсонца, внимателно сум го гледала како ѕирка од зад планина, или како се бори зрак да продре низ густа магла.

Сега сум на сосем трето место, тука сеуште незнам како се раѓа таа светлина, сум ја гледала занесно,сум се обидувала да ја опишам,но ниеден збор ниту мисла неможе да е соодветен за оваа источна небесна магија, чиниш самото небо е визија, која како благо проклетство , немо останува во главата. Често размислувам за минатото, дедо ми го користеше изразот “ее ние напред”, и знаев дека мисли на многу назад. Ми зборуваше за физички тешкиот живот, но и за убавината живејќи во тоа време. Секој ден богата трпеза и мирис на тазе месено лебче од баба ми, па на крај уровно кафе зачинето со две коцки локум за целосна да е гозбата.

Често зборуваше за љубовта... Им била како свежа речна вода, срцата како гранките на закоравениот орев во дворот, очите како бадеми, а внатре бадемово млеко. И во длабока старост беа како деца, љубовта млада им остана...

Не! Ние дефинитивно не знаеме да љубиме како нив, толку чисто, силно и невино. Како дете се огледував на неговите зборови, мечтаев неговата ѕвезда барем малку да опфаќа и од мојата глава.

Трагав, трагав низ судбината но стигнав до празен универзум... Како дете гледав само пат со рози, но моите нозе чекореа само по трње... Ја знам суровоста на западот, гнасотијата на северот, дволичноста на југот, и...едноставноста и спокојот на истокот.

Не! Не сум сирак, не сум ни бездомник... Не сум ни луталица, ни авантурист...

Само се приврзувам за нештата како магнет со карта во еден правец, а животот ме прошета на места без моја дозвола. Столчена од животот како сува гранка, од времето изедена, со навидум коцка мраз во уста барав начин да го смрзнам стравот за моето тукашно доаѓање, барав начин да се дочувам од таа промена...

Ме јадеше а истовремено живот ми спасуваше, не мислев дека ќе се спасам...и не се спасив, напротив, се родив уште еднаш во ова мало но исполнето место, со не многу народ, но со луѓе...

Во љубов, надеж и убавина!

Делчево, срцето на истокот... Брегалница, видливото јадро на градот како крвоток низ делчевските вени!

Во овие луѓе го пронајдов ликот на моето далечно место и потекло, заживееја зборовите на дедо ми анализирајќи ги тукашните карактери и чувства, кои немаа место во овој суров свет...

Овдешна сум...

Створена за други места, но тука пронајдена...

ПРОДОЛЖУВА....

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна