Со средства во висина од 2,5 милиони денари од Министерството за култура, финишираат градежните активности околу реконструкција на ентериерот во киносалата во Делчево, која работи во состав на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“. 

Според проектот во изминатиот период се работеше на реконструкција на внатрешните простории на киносалата, на сцената, столчињата, подот и ѕидните површини. Реконструкцијата на киносалата во Делчево треба да биде завршена за неполн месец по што  Делчево ќе добие нов современ простор кој во текот на целата година, освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографија, ќе се користи и за други културни настани, семинари, предавања, концерти и манифестации.

- Конкретно активностите во изминатиот период се одвиваа во насока на реконструкција на внатрешниот дел на киносалата, реконструирана е сцената, партерните делови, седиштата целосно се променети како и поткровната конструкција, истакна Љупчо Петровски, директор на Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“, кој додаде дека кочечно со оваа реконструкција општина Делчево ќе добие еден репрезентативен објект каде ќе можат даа се одвиваат сите позначајни манифестации.

Инаку, претходно со финансиска поддршка од Министерството за култура од околу 1,5 милиони денари, објектот во кој е сместено киното, од својата изградба во 1933 година првпат доби нова фасада, нова покривна конструкција, а беа уредени и санитарните јазли. Во рамки на проектот на Владата на Р.М, за набавка на дигитална опрема за повеќе киносали во државата, киното во Делчево доби и нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на киноприкажувачката дејност во Делчево

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна