Во организација на учениците од VII -2 одделение при ООУ „Ванчо Прке“ Делчево беше изведена театарската претстава со главен мотив другарството меѓу учениците. Претставата беше посветена на ученикот Андреј Стоиловски кој своето образование ќе го продолжи во Швајцарија.

 - Андреј заминува за Швајцарија и ние решивме да му подготвиме едно мало изненадување приредувајки театарска претстава во кој тој ја имаше главната улога, рече Јована Стојановска, сокласничка на Андреј која во име на учениците им се заблагодари на наставниците и директорот за поддршката која им ја дадоа околу организацијата на самата претстава.

- Со оваа претстава сакаме да му заблагодариме на Андреј за годините поминати заедно и да им упатиме порака на сите ученици кои го продолжуваат своето образование надвор од Македонија дека каде и да одат на земјината топка тие секогаш ќе бидат наши другари и вратите на училиштето за нив секогаш  ќе бидат отворени, истакна ученичката Вероника Трајановска која исто така упати голема благодарност до директорот на училиштето Сашко Ивановски кој им даде зелено светло за реализација на театарската претстава.

Благодарност до своите училишни другари за се што направија за него упати и самиот Андреј, порачувајки им дека нема да ги заборави и ветувајки дека дружбата ќе ја продолжат во првите денови по распустот кога повторно ќе го посети родното Делчево..

- Училиштето ќе ми остане во сеќавање по тоа што сите беа добри и со љубов ја направија оваа забава, рече Стоиловски, кој им порача на другарчињата да не го заборават, додавајки дека со започнувањето на распустот повторно ќе ги посети.

Разделбата тешко му паѓа секому, а особено на децата. Mеѓусебната комуникацијата меѓу нив продолжува на социјалните мрежи, но дали ќе ја ублажи празнината која сигурно веќе се чувствува е прашање на кое одговорот го знаат само учениците од VII -2 одделение при ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево.

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна