ЗФГ Копачка с.Драмче, Делчево и годинава ја доби поддршката од Министерството за култура за реализација на неколкуте значајни проекти кои се предвидени за 2017 година. За Перса Стојановска, секретар во здружението „Копачка“ најзначајни годинава ќе бидат проектите кои заеднички ќе се реализираат во соработка со триото „Гавровски“ од Тетово каде заеднички ќе бидат дел од таканаречените „Јаношикови денови“ каде „Копачката“ и „Гласоечкото“ ќе учествуваат како европски нематеријални културни добра впишани во УНЕСКО.

- Како резултат на билатералната соработка помеѓу Бугарија и Македонија, вториот заеднички настап со триото „Гавровски“ ќе ни биде заедничкиот концерт под наслов „Промоција на Копачка и Гласоечко“ настан кој ќе се одржи во Македонскиот културен центар во Софија, истакна Стојановска додавајки дека од ресорното Министерство годинава е поддржан и истражувачкиот проект „Копачката и соборите“ чија главна цел како што кажа Стојановска е евидентирање на варијантите на играта Копачка на традиционалните собори.

Што се однесува до проектите на Националната установа Центар за култура „ Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, поддршка од Министерството за култура оваа установа доби за организацијата на манифестацијата Голачки фолклорни средби која годинава ќе се одржи по 21 пат. 

- Посебно сакам да ја истакнам подршката на програмата за работа и на женската група „Ѓурѓа“ која успешно работи осум години, како и ФГ Вапцаров која 8 година по ред успешно го претставува Пијанечкиот фолкор низ земјава и светот, рече Љупчо Петровски, директор на делчевскиот Центар за култура, додавајки дека во однос на фолклорната дејност се поддржани и многу други проекти кои низ годините наназад установата успешно ги организира како на пример одбележувањето на 141 годишнината од Разловечкото востание кој годинава е поддржан од културниот ресор. Во областа на музичко - сценската дејност центарот за култура Н.Ј.Вапцаров од Делчево ги доби и проектите за организација на Ревијата на хорови и оркестри додека во областа на литературната и издавачката дејност финансирана од Министерството за култура ќе биде и  манифестацијата „Вапцарови бранувања“. Во оваа година со поддршка на ресорот за Култура предвидено е и дозавршување на работите околу реконструкцијата на Спомен домот на Разловечкото востание.

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна