Од страна на општина Делчево е објавена програмата за одбележување на најголемиот Македонски национален празник Илинден.

Во вторник 01.08.2017 година во предвечерието на празникот во центарот на Делчево на летната сцена ќе се одржи целовечерен концерт на Македонското поп-дуо "Силви Бенд" со песни од нивниот богат децениски музички репертоар. Концертот е најавено да започне во 20.30 часот.

Во среда 02.08.2017 година со почеток во 10.30 часот пред споменикот на паднати борци од НОБ и ПОМ ќе се реализира пригодна свеченост. Оддавањето почит потоа ќе продолжи и пред споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк пред соборната црква "Св. Кирил и Методиј" во Делчево.

Се очекува бројни делегации на локални институции, политички партии и здруженија на граѓани да се поклонат пред спомениците на двата илиндени, кои претставуваат камен темелник на Македонската самостојност и независност.

Настанот е во организација на Општина Делчево.

 

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна