Сума:

Делчевските роднокрајни автори меѓу кои Христина Деолска, Миле Ѓорѓијоски, Перса Стојановска и други ќе бидат дел од завршниот хепенинг кој го организира ЈУ „Браќа Миладинoвци“ во рамки на Саемот на книгата кој на 6 април ќе се одржи во Скопје. 

„Mayday Festival“ се враќа во полн сјај. Автентичниот поглед на андерграунд културата во 2017-та ќе го примаме во двојна доза, со многу повеќе задоволство.

ЗФГ „Копачка“ с.Драмче, Делчево го одржа своето редовно годишно собрание. Во рамки на работата беа усвоени извештаите за финансиското работење на групата во текот на 2016 година, а беше усвоена и програмата за работа за тековната година.

Орото „Копачка“ годинава навршува 2 години од влегувањето на репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на УНЕСКО. Во рамки на настанот кој по тој повод е организиран за в сабота 4 март во фоајето и малата сала на Спомен дом „АСНОМ“ се предвидени следниве активности:

11,30 часот:- Дефиле низ градот Делчево
12,00 часот: - Изведба на националното и светско културно наследство, орото „Копачката“ 
12,10 часот: - Претставување на Формација „Леб и вино“, Сандански, Р, Бугарија- со песната „Леле Маце“
12,13 часот: - Промоција на документарниот филм „Копачката во УНЕСКО“
Промотори:
- м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог/овластен раководител на Одделението за нематеријално културно наследство и
- Перса Стојановска- секретар на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево
12,50 часот: - Промоција на монографијата: „Копачката, чекор по чекор до УНЕСКО, мојот живот со Копачката“ од Димитар Узунски 
Промотор: 
- д-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог научен соработник во Институтот за фоклор „Марко Цепенков“ - Скопје и претседател на Националниот Комитет за Македонија при Интернационалниот совет за традиционална музика 
- авторот Димитар Узунски
13,20 часот – Доделување на благодарници
13,30 часот - -Коктел и забава

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна