На социјалните мрежи веќе почнаа да се појавуваат првите изливи на незадоволство и нервоза кај граѓаните поради неприликата која ја предизвика одронот на огромната карпа која го попречи регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица- Кочани.
loading...
-"Патот Каменица-Кочани во моментот кај точката. Нема кој да каже дека е блоќиран пато.!!!"
Ова е статус на граѓани кои тргнале кон Кочани но никаде не сретнале сигнализација или некој да ги информира дека патот е затворен.
Кога стигнале до критичната точка на одронот, морале да се враќаат назад, губејќи драгоцено време и создавајќи непотребни трошоци.
Реакцијата на институциите во вајва ситуација мора да биде брза и координирана со цел да не се случуваат несакани последици.
Истовремено нема информации во јавноста и не се знае дали е стабилизирана самата карпа и дали се можни слични или полоши вакви одрони во нардниот период.
loading...