Александар Чотриќ

АЛЕКСАНДАР ЧОТРИЌ-БИОГРАФИЈА-

Александар ЧОТРИЌ е роден на  25. септември 1966. година во Лозница.

Од 1984. године објавува афоризми во НИН, "Политика", "Вечерни новости", "Денес", "Литературен збор", "Студент", „Младински новини“, НОН, "Дуги", „Став“, "Белградски новини", "Време", „Јеж", „Младост“ „Македонски остен“, „Остен“ и други весници и списанија.

Хумористичко-сатирични приказни пишува од  2003. година.

Чотриќ во „Српски збор„ од 1992. до 2005.година редовно ја пишуваше колумната “Петта колона” на две новинарски страници. Не престануваше да пишува ниту за режимските притисоци, репресии и војни. Во “Петта колона” објави преку шеесет илјади афоризми и сатирични коментари. Реткост е во српското новинарство една колумна да трае 13 години. Афоризмите од оваа рубрика се пренесувани во белградската “Наша борба”, новосадскиот “Маѓар со”, скопски “Остен”, сплитски “Ферал”, бањалучки “Репортер”, загрепскиот “Денес”, сараевската “Недела” и во други весници на просторите на бившите југословенски држави.

cotric

Чотриќ ги има објавено следните книги афоризми:

- "Ќе ви дадеме ние демократија" (Књижевна омладина Србије, 1993, второ издание Српска реч, 1995);

- "Петта колона" (Српска реч, 1997);

- "Недозволени мисли" (Српска реч, 2000 );

- „Кратки резови“ (Српска реч, 2004);

- „Афоризми“ (Алма, 2007);

- „Изабрани афоризми“ – „Избрани афоризми” (2007)  у Македонији;

- „Брзи резови“ – „Incizii rapide“ (2007) у Румунији;

- „Гола вистина“ (Аурора, 2008);

- „Афоризми“ (библиофилско издање 2008);

- „Пострежимски мисли“ (изабрани афоризми) (Плато, 2008);

- „Детска работа“ (афоризми за децу) („Аурора“, 2010); 

- „Своеглава книга“ (афоризми за децу) („Аурора“, 2010);

- „Црна книга“ - “Czarna ksiega” (2011) у Пољској;

- „Афоризми за деца“ - „Aforizmi za otroke“ (2011) во Словенији;

- „Помрднување на паметта“ (Агора, 2012)

Александар Чотрић е коавтор на книга со м-р Радован Калабиќ „Споменица на Дража“ (издание на авторот, 1995. и 1997) и Милен Поповиќ „Собрани во расејување“ („Српска реч”, 2002).Во 2012 година ја објави публицистичка книга „Во чест на витезот на српската емиграција“ („Алма“).

Книгата хумористично-сатирични приказни „Обележени приказни“ („Аурора“) Александар Чотрић ја објави во 2006, „Приказни пред будење“ („Алма“) 2007, и „Причинување“ („Вук“) 2011.

Во 2007 година ја објави книгата анегдоти „Така зборуваше Вук“ („Алма“), и 2011. „Вуковата азбука“ („Аурора“).

Чотриќ ги има подготвено следните антологии и зборници:

-„Патец“, антологија на српскиот афоризам за деца, Завод за уџбенике, Београд, 2012.

-„Дриблинг на духот“, зборник афоризми за спортот, Беоштампа, Београд, 2012.

Александар Чотриќ е добитник  на следните признанијата:  

 - "Радоје Домановиќ" за најбра книга афоризми (1993) и за сатирични приказни (2004); 

- „Златна кацига“ за афоризми (1994), за приказна (2009) и „Витез од Чарапанија - сер Харди“ (2007) на меѓународниот фестивал за хумор и сатираво Крушевац; 

- „Живојин Павловиќ Жикишон“ (1993); 

- "Драгиша Кашиковиќ" (1995);

 - Годишње награде сатиричног листа "Ошишани јеж" „Браќа Ормаи“ (2003.);

- "Вибове награда" на весникот „Политика“ (2003); 

- награде „Јован Хаџи-Костиќ“ „Вечерни новости“ (2006); 

- награде „Excellence Award” на Меќународном фестивал „Златна јаболка“ воРоманија (2007); 

- награда за најдобра приказна на Фестивалотна црногорскиот хумор, сатира и карикатура, воДаниловград (2007); 

- награде „Стеван Сремац“ за приче и афоризме (2007, 2008 и 2009); 

- „Миливоје Илиќ“, (2006, 2007 и 2008);  

- „Чивијаде“ – (втора награда), за сатиричнаприказна во Шабац (2007) и (2011); 

- Први награди на Фестивалот за хумор и сатрира „Милован Илиќ Миминамакс“ во Нови Сад (2008); 

- „Златна значка“ Културно-просветната заедница на Србија (2008); 

- „Златна плакета“ за афоризма на Фестивалотна афоризмот и карикатураво Струмица (Македонија) (2009); 

- „Златни круг“ Културно-просветната заедница на Белград (2009);

- Прва награда на Конкурсотза еколошко-туристички афоризмиво Чајетини (2009);

- Награда „Ѓорѓе  Фишер“, Секције на хумористи и  сатиричари на   Друштвото на књижевници на Војводина  (2009);

- Прва награда  за афоризам на Међународниот  фестивал на хуморот и сатирата „Куцурски клип“ во Куцури, општина Врбас (2009);

- Прва награда за афоризам на Конкурсотво Качарево, општина Панчево (2010);

- Награда за афоризам и приказна на Конкурсот за  хумор и сатиравоМркоњиќ Град (2010);

- „Најдобар жив сатиричар во Србија“ (заедно соАлександар Баљак), според гласовите на писателите на хумор и сатора од регионот  (2010);

- Награда „Носорог прв ред“, на меѓународниот часопис  за хумор и сатира „Носорог“ од Бањалуке (2011);

- Награда на жирито на детска критика „Доситеево перо“ (2011);

- Награда  на „Фондација Наџи Наман“ („Naji Naaman“) во Либан (2011);

- Награда „Жикишон“ у Параќин, (2012);

- Награда „Алеко“ на град Свиштов и часопис „Стршел“ на меѓународниот конкурс за приказна во Бугарија (2012);

- Голема плакета на Меѓународниот фестивал за хумор и сатира во „Бијелина 2012“

Чотриќ е член  на Здружението на писатели на Србија. Секретар е на Секцијата на сатиричари на ЗПС.

Еден е од основачите на Фондот „Радое Домановиќ“и претседател на собранието на Фондот.

Припадник е на Белградскиот афористичарски круг (БАК) и член на Управниот одбор на ова здружение.

Беше претседател на Управниот одбор на Радио-Телевизија Студио Б, член на Градската влада на Белград и Заменик министер за дијаспора во владата на Србија.

 Дипломиран правник.

Пратеник во Собранието на Србија во својот четрврти мандат.

Живее и работи во Белград.

 

Не само што се одлеваат мозоци, туку од тука бегаат и глупавите.

Невкусно е да ви раскажуваам што сé морам да проголтам.

Тие се подготвени да го бранат Косово.

Само покажете им на кој стадион.

Во Србије сé подоцна се оди во пензија.

За да им се даде шанса на луѓето до 65 година да најдат работа.

Не прашувајте што може државата

да направи за вас? Не може ништо!

Тие не се лажни патриоти.

Искрено работат против интересите на својот народ.

Јас сум тврд преговарач.

А жените тоа го ценат.

Постигнавме резултати за памтење.

Такви катастрофи не се забораваат.

Живеам како сите чесни луѓе. Од хуманитарна помош.

Украдов библија од книжарницата.

Сакав да проверам, дали во неа пишува:“Не кради“.

Нашата партија после изборите профитира.

Ја напуштија сите профитери.

Им се восхитувам на Турците.

Требаше со нас да издржат пет века.

Им се суди и на невините. Пред законот сите се исти.

Во балот под маски,

не може да се маскира незнаењето на играта.

Европската Унија се брани од корупција.

Така што нема да ја примат Србија во своите редови.

Штом на другиот му е полошо,

Србинот веднаш се чувствува подобро.

Никогаш нема да го признаеме независно Косово.

Тоа постојано ќе го повторува и нашиот амбасадор во Приштина.

Мене татковината не ми е тамо каде што ми е добро,

туку тамо каде што ми е одлично.

Ги препознавме оние политички лажговци од минатите избори,

па повторно гласавме за нив.

Новата власт донесе слобода.

Ги амнестира силувачите, грабнувачите, разбојниците...

Не доведоа во состојба на наркоза.

За да оперираат по нашите џепови.

Лудаците не се препознаваат по кошулата,

туку по свечените одела.

Грабам, уценувам, се заканувам, лажам...

Се однесувам европски.

Бидејќи платформата може да ја толкува кој како сака,

сега конечно знаеме што сакаме.

Раздвиживме голем стопански комбинат.

Го пуштивме низ вода.

Помеѓу нашите земји имаше замрзнат конфликт.

А тогаш односите се затоплија.

За да ви поверуваме,

потребно е чуда да правите после смртта.

Народот можеш само еднаш да го излажеш.

Потоа секогаш ти верува.

Исполнети се сите услови за негово апсење.

Крадеше и не се договоривме.

 

Класичната предновогодишна атмосфера во Делчево за крај на оваа 2017 година синоќа беше збогатена со еден симпатичен настан за разбивање на недостигот на било какви културни настани во градот од крајниот исток од државата, во овој период од годината.

Во моментот во Валандово се одржува 16-тиот Вонреден конгрес на најголемата опозициона партија во Македонија.

На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ покрај повеќето точки на Дневниот ред се очекува да биде изберен и новиот Претседател на партијата. Како единствен кандидат кој има поднесено валидна кандидатура е досегашниот генерален секретар Христијан Мицкоски

Следете го преносот во живо:

Како што велат делчевци: -"И после марсовците ни' биле криви?"

Никој не ни' е виновен!

Ова е врв на сантата мраз...

...

Во плодниот научен и литературен опус на академик Блаже Конески, посебно место зазема и неговата антологија на македонската народна лирика, насловена како “Блажена гора зелена”. Оваа антологија за првпат е издадена во 1945, практично по ослободувањето, но под наслов “Збирка на македонски народни песни”.

филип Петровски кој во изминатите денови важеше во јавноста за еден од можните кандидати за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ на претстојниот вонреден конгрес на партијата, во интервју дадено за порталот Независен.мк објави дека нема да поднесе кандидатура, затоа што го смета најавениот конгрес за нелегитимен.

Христијан Мицкоски ја објави својата кандидатура за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ на претстојниот вонреден конгрес на партијата кој што ќе се одржи во Валандово на 22-ри и 23-ти Декември. Во својата објава на фејсбук тој ги образлага причините поради кои се кандидира за водечката позиција во опозиционата партија.

-"Македонија е зафатена од перманентна политичка криза, чиј крај не се надзира, економија која е на стаклени нозе, мало стопанство кое е во фаза на клиничка смрт, здравство за кое во јавноста се зборува само кога се бележат уништени човечки животи, млади кои немаат надеж, култура во која поделбите и рушењето стануваат главен императив, на сметка на дадените ветувања кои не се исполнуваат. Погледнете, во општеството не се говори за реалните проблеми, за економијата, за концепти кои ќе ја однесат државата напред, но затоа власта се пресметува со опозицијата, политичкиот реваншизам станува алфа и омега на политичкото делување. А граѓаните бараат излез", истакна Мицкоски.

-"Јас имам план. За нова надеж за нашата татковина, силна и достоинствена."

Прочитајте го во продолжение целиот статус на социјалната мрежа фејсбук.

Брендот „Pizza Hut“ во соработка со „Chaotic Moon Studios“ направиле иновативна дигитална маса, на која секој буквално може да си ги нареди состојките на пицата што сака да ја нарача. Муштериите можат да си изберат големина на пица, сос, сирење и разни други додатоци. Тие исто така можат да прават и дополнителни нарачки како на пример зачинети пилешки крилца. По селекцијата на начинот на плаќање, купувачите дури можат да изберат да играат игри додека чекаат.

Компанијата вели дека овој интерактивен концепт е нешто што може да стане дел од иднината на нарачувачкото искуство во Pizza Hut.

Забавно, нели?

Емили Бронте е англиска писателка, најпозната по нејзиното дело „Оркански височини“ кое денес спаѓа во едно од најубавите класичните дела на англиската литература.

Предновогодишната атмосфера е во полн ек. Се украсуваат јавни површини, дворови, домови работни простории... Насекаде.

Позната како Кралска болест помеѓу народот, Гихт или уричен артритис се манифестира како неподносливо голема болка на еден или повеќе зглобови на телото што е предизвикано од состојба на зголемено ниво на урична киселина во крвта на организмот. Тоа е најчесто зглобот на палецот на ногата или коленото, но може да зафати и повеќе други зглобови одеднаш.

Кога почнав да го гледам филмот, си реков:Кај е по ѓаволите -The one and only-Сталоне?

Вечноста е резервирана за луѓе со големи имиња. Габаритни појави по најзначајното во животот на човечкиот род-зборот. И уште повеќе, збор запишан со голема тежина на своето значење и влијание кое го има оставено на своето современие.

Во Скопје вчера (недела 17.12.2017 година) почина еден од најмаркантните појави на Македонското авторско небо, човекот кој е еден од идејните творци на Македонската современа сатира, Иван Карадак.

Помеѓу пошироката јавност Карадак е познат како автор на Хумористичната емисија "Хихирику" која долги години се емитуваше на програмата на Македонското радио во својот редовен термин секоја недела во 11.00 часот.

Празнувањата за Нова година се совршен период за резимирање на сите убави и помалку убави работи кои на човек му се имаат случено во изминатите 365 денови. Ова е период на заедништво со семејството, пријателите, најближните.

Томас Ромејн е француски Аниме уметник кој што живее и работи во Токио. Досега има работено на повеќе аниме серии од кои што дел се особено познати кај Аниме публиката.

Тој во неговата работилница работи заедно со неговите синови. И токму неговите синови се одговорни за идејата и создавањето на најсмешните, најморничавите и понекогаш и најбизарните карактери кои Томас ги има претворено во Аниме содржина.

Погледнете дел од нивната работа во продолжение:

асд








Извор: Инстаграм

 Во насока на подигање на свесноста за одржување на постоењето и животот на дивите животни, што претставува иницијатива започната во 2015 година на глобално ниво, се реализираше конкурс за избор на најдобри фотографии на кои се прикажани сцени поврзани со диви животни.

Оваа година квалитетот на пријавените кандидати во овој конкурс е исклучително добра, со што во голема мера се постигаат зацртаните цели.

Повеќето книги се напишани за да споделат некоја информација, да ви помогнат да разберете нешто, или пак да ве забавуваат и да инспирираат емоции и чудење. Но, некои пишани дела, ако се вистинити, укажуваат на многу интересни мистерии. Овие мистерии може да се поврзат со метафизичкото потекло на делото како и со чудните заклучи кои можете да ги извлечете од нив.

Меѓаши: Децата итно да се пуштат на распуст поради енормната загаденост на воздухот

Првата детска амбасада во светот "Меѓаши" излезе со официјална изјава во врска со загадувањето на воздухот во алармантни граници во повеќе градови ширум државата. Извршниот директор на "Меѓаши" во Македонија М-р Драги Змијанац во изјава за Сител телевизија упати остар апел кон надлежните органи за надминување на драматично лошата состојба која е причинител за зголемен број на респираторни компликации по здравјето на граѓаните а особено децата.

Проследете ја целата изјава во продолжение:

 

Еден од најактивните автори и творци во Делчево и околината ќе има свое претставување во родното Кичево.

Најголемиот Кичевчанец помеѓу делчевчани и најголемиот делчевчанец помеѓу кичевчани, сатиричарот  и културен работник Миле Ѓорѓијоски ќе се претстави пред кичевчани во рамки на Новогодишниот сатирикон заедно со македонските сатиричари Љупчо Силјановски, Витомир Долински.

Како дополнителен дел од програмата ќе биде организирана изложба на бугарска карикатура, на кој ќе бидат претставени со свои карикатури најзначајните бугарски карикатуристи. Воедно посетителите ќе можат премиерно да ги видат и карикатурите на нашиот познат карикатурист Блаже Докуле со кој на овогодинешниот фестивал во Сеул, Јужна Кореја во конкуренција на светската елита на карикатуристи освои бронзен медал. 

Настанот ќе се одржи во Петок, 22.12.2017 со почеток во 18,30 во Галерија при НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево  и истиот е во организација на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ Кичево.

Од страна на организаторите е планирано Новогодишниот сатирикон да биде традиционален.

Во сабота 16.12.2017 година во Берово ќе се реализира планинарски марш во чест и слава на првиот секретар на ВМРО, Дамјан (Даме) Груев.

Маршот ќе се реализира според сл. агенда 

09.00 Собирно место на центарот во Русиново

09.30 Положување на свежо цвеќе на бистата на Даме Груев во центарот на Русиново

10.00 Панихида на надгробната плоча на револуционерите на гробиштата во Русиново

10.30 Тргнување кон планината Петлец.

ПОГЛЕД НА СЕЛО РУСИНОВО

ДЕЛ ОД УЧЕСНИЦИТЕ ВО МАРШОТ ВО 2016 година

ДЕЛ ОД ПАТЕКАТА КОН ВРВОТ ПЕТЛЕЦ

Во рамки на настанот секој од учесниците може да ја помине патеката по која се движел големиот Македонски син и револуционер пред да биде застрелан во близина на врвот Петлец на 23.12.1906 година каде им подлегнал на повредите и починал.

На местото каде згаснал животот на Даме Беровчани имаат подигнато скромна спомен плоча која го означува самото место, каде секоја година во рамки на овој настан доаѓаат голем дел следбеници и почитувачи на ликот и делото на Дамјан Груев, да му оддадат своја почит

Овој марш е во организација на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово во соработка со Месниот Комитет во село Русиново.

Официјалната објава за настанот е достапна на сл. линк тука.

Како што пишува порталот Рома Тајмс (Roma Times) делчевецот Aксел Аxмедовски ќе биде новиот Министер без ресор во Владата на Република Македонија предводена од СДСМ кој ќе биде задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија.

Ахмедовски доаѓа на оваа позиција како потпретседател на партијата на Самка Ибраимовски ПЦЕР (Партија за целосна еманципација на Ромите).

Досегашниот Министер Самка Ибраимовски веќе го има ставено својот потпис на изјавата во ДИК дека ја прифаќа пратеничката функција која му следува откако беше испразнето пратеничкото место на Васко Ковачевски, кој добива раководна функција во РЕК Битола.

Аксел Ахмедовски е роден на 16.12.1964 година во Делчево. Средно образование завршува во УЦСО „М. М. Брицо“. Високо образование завршува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на правниот факултет „Јустинијан I“ во 1991 година. 

Работи како адвокат а во Делчево е познат и како активист во НВО "КХАМ" Делчево, од областа на заштита на правата на ромите и повеќе други секторски дејности.

Оженет, татко на две деца.

Американците побараа предлози за надминување на кризата со загадувањето на воздухот во Македонија а русите им одговорија.

На официјалниот твитер профил на американската амбасада во Скопје беше поставено прашање за идеи за надминување на кризата со загадувањето на воздухот:

На тоа експресно одговорија од официјалниот профил на твитер на амбасадата на Руската федерација во Скопје:

И прашањето и одговорот си имаат своја убавина, за чие што значење оставаме на нашите читатели да си изградат сопствено мислење и впечаток

 

Во ера на масовна и незапирлива глобализација ваквите појави како во следното видео ќе станат уште понормална работа.

Песната "The Truper" (Војник) од британската хеви метал група Iron Maiden која што е дел од алbумот "Piece of mind" (Парче ум) издаден во далечната 1983 година, во 2015 година доживеа една симпатична своевидна mashup фузија со познатиот поп хит на Мајкл Џексон Beat it.

Јутјуберот Nightmare Lyra ова спојување на две така различни песни во едно, го има направено да звучи речиси совршено и не случајно овој клип има над 1 милион прегледи на јутјуб мрежата.

Слушнете како сето тоа звучи:

"Империја на сонцето" е еден од највпечатливите филмови посветени на дејствија поврзани со страдањата во тек на Втората светска војна.

„Midnight Planétarium“ е неверојатен изум кој прецизно следи 6 планети од нашиот Сончев систем во нивниот пат околу Сонцето.

Овој часовник е дизајниран од страна на Ван Клиф & Арпелс во соработка со Кристијан ван дер Клаув. По 3-годишна макотрпна работа, часовникот за првпат бил претставен во јавноста на годишниот настан „Salon International de la Haute Horlogerie“ кој се одржува во Женева. Самиот часовник се состои од 396 делови и ги вклучува 6-те најблиски планети од нашиот Сончев систем кружејќи околу Сонцето.

Но, зошто не се вклучени и Уран и Нептун? Бидејќи вие ретко кога би го гледале нивното движење. На Уран му се потребни 84 години за да ја заврши својата орбита, а на Нептун неверојатни 164 години. Што се однесува до планетите кои го пронашле своето место во овој часовник, тие целосна ротација прават за:

Меркур: 88 денови

Венера: 224 денови

Земја: 365 денови

Марс: 687 денови

Јупитер: 12 години

Сатурн: 29 години

Секоја од планетите е претставена од драгоцени и полудрагоцени камења, движејќи се од црвен јаспис, па сѐ до тиркиз. Овој часовник исто така содржи и „среќен ден“, можност сопственикот да одбере еден ден во годината како негов среќен ден во кој Земјата ќе падне под нацртаната ѕвезда на кристалот од часовникот. Цената на овој иновативен часовник изнесува неверојатни 245.000 долари.

   

  

Малкумина одбираат да живеат на Арктикот, но оние кои го прават тоа обично се во близина на некоја заедница или засолниште кое им нуди топлина и безбедност. Сепак, постојат неколку несреќни луѓе кои се нашле осамени сред дивината на Арктикот. Многумина од нив умираат, но некои преживеале за да ја раскажат нивната неверојатна приказна.

1. Поларна мечка како милениче

Во 1757 година, Брус Гордон паднал во морето кога неговиот брод бил згмечен од две ледени брегови. Тој „слетал“ на парче мраз и го гледал својот екипаж како исчезнува. Кога конечно го пронашол бродот, тој бил превртен наопаку, а поларните мечки се хранеле од неговите пријатели. Гордон собрал што можел од бродот и се хранел со тоа. Имал проблеми со поларните мечки, а откако убил една со нож, се појавило мало поларно мече. Гордон го одгледал како милениче. Тој ја научил мечката да лови риби за него и да ги брка другите мечки. Со текот на времето, мразот на Гордон испливал до Гренланд каде што нашол група домородци. Тоа биле првите луѓе кои ги видел со години.

2. Напад од фока убиец

Во 1985 година, Гарет Вуд и неговата група поларни истражувачи биле присилени да поминат преку тенок мраз. Тие се плашеле од кршење на мразот, но наместо тоа од водата излегла голема фока. Животното го фатило Гарет за нога и се обидело да го повлече под вода. Придружниците на Гарет почнале да ја удираат фоката по очите и таа се вратила во водата. Но, само што Гарет станал од земјата, фоката повторно го нападнала. Кога конечно ѝ избегал, тој морал да се влече по ледот со својата секира до колибата. Таму добил медицинска помош и преживеал.

3. Нож од измет

Истражувачот Питер Фројшен се нашол во голема бура во 1926 година. Бидејќи не можел да се движи поради силниот ветар и снег, се сокрил под својата санка и чекал да помине бурата. Кога се обидел да мрда, сфатил дека е закопан под дебел слој снег и мраз. Повеќе од 30 часа се обидувал да направи пат низ мразот, но неуспешно. Бидејќи бил очаен, Питер го искористил својот замрзнат измет како нож и го ископал мразот. Потоа му биле потребни уште 3 часа да се врати во својата база. Прстите на неговите нозе веќе имале гангрена и тој ги ампутирал со чекан и клешти без анестезија.

4. Прошетка преку океанот

На почетокот на 1914 година, бродот Карлук веќе поминал 5 месеци заробен во мраз. Екипажот бил присилен да го напушти бродот, но биле сред огромна замрзната површина и не знаеле од каде и како да се вратат дома. Капетанот Боб Бартлет испратил екипи за истражување, но никогаш не се вратиле. Конечно, капетанот го одвел остатокот од групата до еден остров кој бил оддалечен 128 километри. Бидејќи неговите луѓе биле премногу изнемоштени да продолжат, Бартлет го изодел останатиот пат сам. Придружуван само од инуитски ловец по име Катактовик, Бартлет поминал 1.100 километри за 37 дена преку замрзнатите води на Сибирот. Потоа пронашол руски офицери кои организирале спасување. Додека стигнале до останатиот екипаж, повеќе од половина луѓе умреле.

5. Сред бура со тенко палто

Во март, 1990 година, Кеизо Фунатсу излегол од кампот на кратко да ги нахрани кучињата. Носел само тенко палто на себе. Но додека бил надвор ветрот се засилил, па тој не можел да види ништо освен бескрајно белило. Се обидел да повика помош, но едвај го слушал сопствениот глас. Па, ископал дупка и се сокрил внатре со надеж дека тоа ќе го стопли. Во меѓувреме, неговите колеги се заврзале со јаже од 105 метри и шетале во круг надевајќи се дека Фунатсу ќе го види јажето. Но тој бил во дупката, па јажето му поминало над глава. Фунатсу чудесно успеал да ја преживее бурата.

6. Преживување на 62 години

На почетокот на 2016 година, Полуис Кејутак кој имал 62 години, заедно со два члена од семејството тргнале на патување со моторна санка. Патот бил 300 километри. Почнала снежна бура која ги исфрлила од патот, и кога сфатиле дека се изгубени забележале дека имаат уште многу малку гориво. Со нив имале само чај, шеќер, една вреќа за спиење и нож. Семејството направило засолниште од мраз. Се обидувале да се стоплат движејќи се и ловејќи. 9 дена подоцна биле пронајдени од групата која ги барала, откако таа поминала 9.000 километри квадратни.

7. 2 години во мраз

Во доцните 1800-ти, бродот Жанет поминал речиси 2 години заробен во мраз пред конечно да потоне. Бродот бил евакуиран кога почнал да тоне, а капетанот Џорџ Де Лонг го водел својот екипаж низ морето до Сибирот. По пат изгубиле многу луѓе, но штом стигнале, групата била поделена на две за полесно да најдат помош. Едната група успеала да најде помош, но од групата на капетанот бил пронајден само неговиот дневник. Во него имало листа од сите луѓе кои умреле како и денот на нивната смрт. Од 33 луѓе кои го почнале патувањето, преживеале само 13.

8. 58 денови на замрзнато езеро

Во 1967 година, Боб Гошје летал со авион кога се изгубил во бура. Бидејќи горивото му било при крај, морал да слета на замрзнато езеро далеку од цивилизацијата. Тој преживеал сам на температура од -51 степен Целзиусов, јадејќи само замрзнати риби. Навечер тој и авионот биле опкружувани од волци и гаврани кои го чекале да умре. Кога завивале волците, завивал и тој. Полека почнал да ги гледа како единственото друштво кое го има. Но, по некое време тие се откажале и тој се соочил со ужасна осаменост која според него е најлошо нешто што го почувствувал. По 58 денови, тој бил спасен од авион.

9. 2 години на Арктикот

Ада Блекџек била млада неискусна Инуитка. Таа никогаш не го напуштила својот дом, не знаела да лови, ниту пак да направи иглу. Сепак, во 1921 година, таа и 4-ца мажи биле избрани од истражувачот Вихјалмур Стефансон да постават камп на остров на Арктикот кој Стефансон сакал да го освои во име на Велика Британија. Групата верувала дека ќе преживее од ловење, но штом настапила зимата тие почнале да гладуваат. Тројца од мажите заминале да побараат помош, оставајќи ја Ада сама да се грижи за еден болен маж. Мажите не се вратиле, а болниот умрел, па Ада останала сама во дивината. Таа морала да се научи да лови за да преживее. Преживеала навистина страшни работи, како бегање од поларни мечки. Кога по 2 години била спасена, ја критикувале зошто дозволила да умре мажот кој бил белец.

10. Бегство со санка од кучешки ребра

Во 1950-тите, владата на Канада ги присилила Инуитите да живеат во населби, но некои не го прифаќале тоа. Еден човек толку се противел што решил да живее од земјата како неговите предци. Неговото семејство било загрижено дека ќе умре. Тие му ги земале алатите и го присилиле да дојде со нив. Но човекот си направил свои алати. Направил нож од својот измет и го искористил за да убие и одере куче. Од неговите ребра и кожа направил санка, и неговиот „изум“ бил влечен од живо куче. Успешно избегал и целиот живот го поминал во дивината.


 

Во следниот краток анимиран филм на едноставен сликовит начин е прикажана моќта ан звукот преку музика.

Погледајте.

Во рамките на денешното издание на рубриката Балканска афоризница имаме едно поинакво претставување на нашите соработнички, жени-афористичари.

Преку илустриран во карикатура групен портрет на нивните ликови, секоја посебно се обраќа на нашата ценета публика на свој сатиричен начин.

Погледајте:










 

Природно е да се чествуваат големите достигнувања на жените кои постигнале неверојатни цели и откритија во полето на науката и ги поместиле границите на човечкото знаење. Историски гледано, жените во минатото имале потешкотии да ги покажат и докажат своите способности, особено во научните сфери.

Кралот на драмата, на 8 јануари, токму на денот на неговиот 69-ти роденден го објави својот последен студиски албум „Blackstar“, кој на некој начин беше и неговиот тестамент преку кој суптилно го најави своето повлекување од врвот на музичката сцена.

Артистката зад овие прекрасни уметнички дела е Чен Клејрин, од Сингапур. Таа создава илустрации од прекрасни фустани, само со помош на малите шишенца со лак за нокти.

Можете да ја следите целата нејзина работа на Инстаграм, каде што таа вели дека го живее својот сон. Интересно е што и покрај тоа цртежите на хартија, таа веќе ја има усовршено и техниката за цртање со лак за нокти на вода. Неверојатно! Погледнете дел од нејзините креации.

        

Четврток, 21.12.2017 со почеток во 18,00 во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево, во организација на ЈЛБ “Илинден“ Делчево, а со подршка на Собранието на општина Делчево ќе се одржи НОВОГОДИШЕН САТИРИКОН, на кој ќе настапат македонските сатиричари Ленче Стоименова, Јане Атанасов и Миле Ѓорѓијоски. Во рамки на настанот исто така ќе биде организирана изложба на бугарска карикатура, на кој ќе бидат претставени со свои карикатури најзначајните бугарски карикатуристи.

Посетителите ќе можат премиерно да ги видат и карикатурите на нашиот познат карикатурист Блаже Докуле со кој на овогодинешниот фестивал во Сеул, Јужна Кореја во конкуренција на светската елита на карикатуристи освои бронзен медал.

Од страна на организаторот планирано е овој Новогодишниот сатирикон да биде традиционален.

Една невообичаена интерпретација на песната Џингл белс:

 

Во времиња кога сите зборуваат за правда, праведност, правичност, вина-невина, судии и судови, на пат кон сезнаењето, егоизмот и самобендисаноста речиси сите знаат да судат за другите, без притоа да си погледнат во сопствениот двор.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на фејсбук излезе со свој став во однос на лошите економски трендови во кои е впуштена државата под контрола на Зоран Заев и актуелната Влада на Република Македонија, за што и побара одговорност од министрите од економските ресори.

Прочитајте ја целата изјава во продолжение:

На денешен ден (8-ми декември 2004 година) во Колумбус, Охајо  беше застрелан по што им подлегна на повредите еден од најзначајните хеви метал гитаристи кои некогаш постоеле на светската музичка сцена.

Уметноста е моќна алатка која ги инспирира луѓето на дневна база и нѐ потсетува колку навистина светот е убав и разновиден. За жал, често немаме доволно пари или време да ги посетуваме музеите ширум светот и да уживаме во уметничките ремек-дела од минатите векови.

Се сеќавате на предизвикот за полевање на самите себеси со ледена вода?

Во ерата на моментална интернет поврзаност преку различните социјални мрежи кои ни стојат на располагање, вистински предизвик е да ја направите најдобрата фотографија со која ќе се претставите себеси пред вашата поширока интернет публика и пријатели.

Разликата помеѓу добрата фотографија полна со грациозност која треба да го постигне посакуваниот ефект и неупотребливата фотографија е во деталите.

Во продолжение во откриваме дел од нив.

Како и во случаите со многуте други пронајдоци, областа на древна Месопотамија е колевка и на најстарите книжевни и литературни дела. Меѓутоа, сте се запрашале ли некогаш кои од овие творби, напишани на глинена плоча, го претставуваат почетокот на светската литература? Сумерската цивилизација го развила првиот познат систем на пишување околу 3400-тата година пред нашата ера. Со клинестото писмо се пишувале првенствено административните и трговските документи, за во 3-от милениум пред Исус постепено да започнат да се појавуваат и првите есеи, химни, поезии и митови.

Во продолжение прочитајте кои се 3-те најстари литературни дела во светот.

Химната на храмот Кеш и Инструкциите на Шурупак

Двете најстари книжевни записи биле „Химната на храмот Кеш“ и „Инструкциите на Шурупак“. Овие дела во пишана форма датираат од околу 2500-та година п.н.е., а прв од овие два текста е одата на храмот Кеш и божествата кои се опеваат во неа. Другиот текст припаѓа на т.н. мудра литература и е пишуван во форма на разумни совети кои сумерскиот крал Шурупак ги давал на својот син Зиусидру. Една од поговорките на Шурупак е да не се носат одлуки и да не се суди кога се пие пиво. Друг совет вели дека срцето кое сака го задржува семејството, а она кое мрази го уништува.

Епот за Гилгамеш

Сепак, помеѓу пионерските дела на сумерската и светската литература, посебно место зазема и „Епот за Гилгамеш“ – првата фиктивна пишана торба. Митскиот еп се појавил прв пат најверојатно во 3-от милениум п.н.е. и неговата содржина се фокусира на митскиот крал на Урук, Гилгамеш, кој е опишен како 1/3 човек, 2/3 бог. Неговите авантури како борбите со чудовишта, средбите со боговите и најважно, потрагата по клучот на бесмртноста се опишани на 12 глинени плочки.

Самиот еп веројатно настанал со собирање на различни сумерски приказни и преданија, а неговиот препис и дополнување се направени подоцна за конечната и надалеку познатата верзија да ја добие во 12-от век п.н.е., во Вавилон. Но, приказната за најстариот еп не завршува тука. Тој потоа исчезнува околу 600-тата година пред нашата ера, за повторно да биде пронајден дури во 19-тиот век од нашата ера, од страна на археолозите кои вршеле ископувања во близина на ирачкиот град Мосул. Токму по ова откритие научниците го прогласите „Епот за Гилгамеш“ за првото дело – темелник на светската книжевност и литература.

-НА ГРАМОС-

I

Проштавај, роден кат,
Егеју, колевко моја!
Јас ранет последен пат
на мртов Грамос стојам.
Овде ја закопав денес,
под твојот пепел врел,
верата која ме крена
на подвиг суров, смел.
Ме гушат облаци црни,
свирепа болка ме стега
и тешки спомени врнат...


* * *
„ . В богато Воденско поле
ронела
пченица злато.
Но сепак -
никога пролет
не дошла
в селските катој.
Мајка ми кршела прсти,
лулела
детенце мало,
со солзи
полнела грсти
крај старо
дрвено рало.
Тако ми
в младини
чмаел,
сонувал
вишнова зора,
вековни -
надежди ткаел
в ноќните
таговни ора.
В ората
играел лудо
сите се
чуделе в село,
но штом се
на утро будел
стемнувал
високо чело.
На нива
тргнувал рано,
над секој
замирал садник,
а дома
плачеле саноќ
стиснати
дечиња гладни.
В дожлива утрина,
тихо
заминал
некаде долу.
В градот го
пречекал вихор,
вихор го
потфатил
в Солун.
Тој млад бил,
имал сили,
в животот чекорел
здраво,
ги љубел
своите мили,
своето село -
Јавор.
Тој раснал -
в негови скутој
корав бил,
здрав
и волен,
но бргу
закашлал луто
и легнал
в постела
болен.
В собата стаиало сиво.
В градот му
загорчел лебот,
тој псуел
гурбетски живот
колнел
туѓинско небо...


* * *
Пројури времето - срна,
сал тешка остави трага.
В тага те завија црна
Родино моја драга!


* * *
Проштавај, роден кат,
немирно детство збогум!
В срце те чуствувам пак
трепетно, живо многу!
Ме гушат облаци црна,
свирепа болка ме стега
нови спомени врнат:
јас уште, уште гледам,
безумно в планина бегат,
со ситни, скршени крилца,
ранети дечиња - пилци.
В нивните сковани усти
проклетство уште слушам...
О, се е така мртво
се е така пусто
како во мојата душа!


II


Проштавај, роден кат,
проштавај, мајко моја!
Јас денес последен пат
на наши пепелишта стојам.
Ти чекаш некаде тамо
кај Вардар слободен шуми,
и чудни приказни носи
на Кукуш, Кавала, Струма...
Чекаш во краишта сини -
кај песни тракторни грмат,
кај в цела земја, чинам,
сончева плиснала срма.
Чекаш во некое село,
в куќуче задружно, бело,
кај жита златести класат,
и мирно, прснати в гора,
стадата задруж ни пасат.
Чекаш. И секоја вечер,
стивне ли селото в почин
и мрак го надваса темен,
ти тажни упиваш очи
в далечни планини неми,
и трпеш в мисли - јата,
во желби да се вратам!
Мајко!
3абрави свидно чедо,
забрави свиден спомен...
Селата спалени лежат,
спалени чадат домој!


III


Во барут,
дим
и крв
в грохотна канонада
Елада
стана плен,
падна,
мајко.
Елада.
Ревна Белиот Егеј
под црвен облак криен.
Та, зошто девет лета
со крв ја поевме ние
нашава земја светна,
и безброј нејни чеда,
без гроб
и трага,
мајко,
во ова мртво утро
со мртви очи гледат?!
Елада!
Елада!
3ошто девет рани
на градиве носам,
зошто девет лета
јас в борбата страдам?

IV


Денес,
мајко моја,
пред зорница јасна,
в предавничка рака
слободата згасна.
А мислевме
ние -
ќе изгреат зори,
мечтаени долго
од наши
и Грци,
збратимени сите -
од море
до море,
народите в љубов
ќе согреат срце...
Слободата -
пламен,
ни гореше в очи,
но најдовме само
ископани јами.
Памети го,
мајко,
овој крвав злочин:
се отрова змијска,
без милост,
ко зверој,
ја убија наш`та -
в иднината -
вера!

Јас в окопи гниев
со мојата чета,
в декемвриски студој,
по дождој,
по жеги,
и помина така
уште едно лето -
не стапивие в борба,
не минавме меѓи!
Се бунеа борци...
Притаена злоба
им светкаше
в поглед
ко в темница -
кремен:
„Та, додека уште
ке лежиме
в гробој !
Штом отиде Маркос
и борби ке нема..."
Но загрме тогаш
ураганен оган
в крв нокта
се изви, -
ни попрска лице.
На Вич
ниту птица
не прелета жива,
а тамо -
на Грамос,
во борбата дива
ни падна
од раме
последното знаме.
А борците,
мајко,
ранети
и слаби,
што мислеа
кај вас
да преминат кришум,
предавничка рака
ги задржа,
зграби -
се најдоа сите
пред нејниот нишан.
Ко секој да беше
и подел
и поган -
ги стрелаа,
мајко,
со рафален
оган!


V


Мајко!
Во барут,
дим
и крв,
и грохотна канонада, Елада
стана плен,
продадена -
Елада!
Од сите мртви,
живи
и мене,
за сите
времиња
за сите векој -
проклетство
нека
падне, мајког
на тие -
што ја убија
денес
нашата младост
нашето детство!
За Маркос,
за сите наши несони ноќи,
за се што љубевме силно
и жарко,
за нашите маки,
за незнаен покој,
за пушката што ја во десница
држам,
за болката што ми нагризува
гради,
за се!
за се! -
проклетството вечно
нека го спржи,
убиецот.
мајко,
Захаријадес!


VI


Проштавај, роден кат,
Егеју, колевко моја!
Јас ранет последен пат
на мртов Грамос стојам.
Пусти се боречки стреи,
чамее нивниот праг,
там жетва крвава жнее
и бесно ликува враг.
Не, знам...
ке дојде време
за нова
барикада,
ке стапи
нова смена
за одмазда
во бој!
Во бура
зрив
и пламен,
во нова
канонада,
ке никне
и ке бликне
прероден
крајот мој.
Да, знам...
се ближи време
за нова
барикада.
Елада
пак ќе биде
слободна,
лична,
млада...
А мој роден крај,
ќе цвета
в ширни поли,
ќе листат
пролет - мај
Кавала,
Кукуш,
Струма.
Егејот син
и волен
ќе шепне чудни думи,
и в сончев залез мирен,
ќе праќа поздрав ширен
на Вардар,
Шар
и Пирин...
Јас за тие деној
за тие зори,
Родино моја,
Родино страдна
луто се борев
и в бојот паднав!


Ацо ШОПОВ

-НА КИНИСУВАЊЕ-

 

Позапри, мајко, затрај се,
доста ме, леле, испраќа,
доста си солзи излеа
по тија пусти патишта.


А туку, мајко, погледај,
погледај, леле, послушај,
како ми пилци запреа
песни сред пролет радосна,


како ми вода затраа,
темни ми карпи писнаа,
а гора лисја пророни
од твојте тажни гласови.


Јас, мајко, тргнав, заминав,
куса си пушка нарамив,
планина Пирин развила,
бајрак се вее сред неа:


Јас ќе го, мајко, дофанам,
над село ќе го развеам,
та ќе те, мајко, куртулам
од тоа ропство крваво.

Коле Неделковски

16 декември 1912- 2 септември 1941

Песната "На кинисување" е објавена во стихозбирката "Македонска лирика" во 1950 година од страна на Уредот за информации при Владата на Народна Република Македонија.

Дали сте знаеле дека постои информација во светската кинематографија која говори дека филмот "Валтер го брани Сараево" е далеку најгледан филм во светот напред пред сите други филмски хитови и блокбастери. Имено овој филм од поранешна Југославија бил повеќе од 20 години на репертоарот низ цела Република Кина, откако бил снимен во 1972 година како бисер на тогашната моќна Југословенска продукција.

Овој филм третира една сериозна тема која го засега било кој човек на планетата земја: Борбата за сузбивање на сиромаштијата во земјите од третиот свет.....

НЕМА FU_KING ВРСКА овој филм со споменатата тема. Безбедноста на Белата куќа и безбедноста на американскиот претседател е тема на филмот....

...

Пред точно 400 години згаснал животот на најблескавата ѕвезда на англиското книжевно небо – Вилијам Шекспир. Но, тој иако веќе 4 века не гази по Земјиното тло, неговите дела сè уште живеат и се повеќе од присутни во уметноста на современото општество. За тоа е заслужна неверојатната способност за метаморфоза што ја имаат делата на овој великан на англиската драма.

Бидејќи како Македонци "не можеме да живееме" без политика, денешната Балканска афоризница ја посветуваме на таа темa.

Не дека нешто подобро се живее и со политика, но барем како "борбени" патриоти остануваме доследни на каузата...

Политика-драги дами и господа...


tolevskiv

Живееме подолго од другите народи. Затоа и нашите маки се поголеми.

Васил Толевски


cotrica

Ако секој си го добие според заслугите, затворите би биле преполни.

Александар Чотриќ


karadaki

Сите политичари имаат алиби. Велат дека цел живот  биле со народот.

Иван Карадак.


otasevic gjorgje

Нашето село доби факултет, а очекуваме наскоро да ни воведат и струја.

Ѓорѓе Оташевиќ


siljanovski ljupcho

Диктаторот е мртов но кој смее тоа да му го соопшти?

Љупчо Силјановски


nestorovicninush

Наша омилена политичка игра: кој прв ќе престане да лаже, тој е будала.

Нинус Несторовиќ


dolinskiv

Човечки е да се греши, македонски од тоа да се прави политичка кариера.

Витомир Долински


gjergovikjrade

Државата ќе го преживее сето ова. За народот се сомневам.

Раде Ѓерговиќ


gjorgjijoskim

Ќе мора мајмуните да ја повторат еволуцијата. Не остана човек на земјава.

Миле Ѓорѓијоски


markoviczheljko

Живееме во нехигиенски населби. Ни го зедоа и црното под ноктите.

Жељко Марковиќ


На листата на делегати за претстојниот вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој ќе се разгледува депонираната оставка на Претседателот Никола Груевски и ќе се разгледуваат повеќе значајни прашања од интерес за народот и државата се најдоа и четири имиња на делегати кои се од Делчево.

Тоа се имињата на актуелниот Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, Драган Христов, доскорешниот Градоначалник на општина Делчево, Дарко Шехтански, кандидатот за градоначалник на Делчево на последните локални избори, Иван Соколов и некогашниот Директор на УБК и на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски. 

Целосната листа од 560 кандидати за вонредниот конрес закажан за 23.12.2017 година може да се пронајде тука.

Поминаа цели шест години откако на денешен ден почина еден од најсилните, највпечатливите и најпознатите вокали на Македонската народна и забавна музика во последните неколку децении.

Гоце Арнаудов пленеше со силината на својот глас, неговата боја и големина, со секоја песна испеана од срце, што ретко на кој пејач му успеваше.

Не додржа големото срце на големиот уметник кој на 6-ти Декември почина од рак на белите дробови во болница во Париз каде беше хоспитализиран за лекување на ова заболување кое подолг временски период го тиштеше неговото тело.

Последниот негов настап во Делчево беше по повод прославата на 7-ми Септември-Денот на ослободувањето на Делчево во сабота 04.09.2010 година.

Проследете го видеото пред Делчевчани на овој голем Македонец што ќе остане веруваме во срцата на сите оние кои  присуствувале на некој негов настап и имале можност барем преку песна да го запознаат неговиот раскошен уметнички дух.

Најчитано: Флеш- Култура

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна