Колку често ви се случило да се возите покрај автопатиштата низ Македонија и притоа да здогледате билборд кој ја прекрива убавата глетка на пејсажот позади него? Не ретко графиките прикажани на овие билборди го одземаат вниманието и концетрацијата на возачите, па притоа се можни и несакани последици.

loading...

Во сојузната држава Калифорнија се појавија рекламни билборди кои го решаваат овој проблем. Уметничката Џенифер Боланде во рамки на проектот "Видлива оддалеченост/втор поглед" кој се имплементира како дел од отворената изложба "Статик Х" креирала рекламни билборди кои ја отсликуваат глетката на пејсажот позади нив, со што овие билборди совршено се вклопуваат во околината.

На овој начин на оригинален и ефикасен начин се пренесува пораката од самиот билборд, што е и основната цел на овој вид на маркетинг.

Како уште еден пример за вакво иновативно маркетинг претставување, претходно од страна на компанија која произведува пена за бричење на билборди била поставувана реклама која може единствено да се прочита во секвенци кои се гледаат единствено додека се возите со автомобил покрај самиот билборд.

loading...

02

047

loading...

Најчитано: Флеш- Интересно

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна