Позната како Кралска болест помеѓу народот, Гихт или уричен артритис се манифестира како неподносливо голема болка на еден или повеќе зглобови на телото што е предизвикано од состојба на зголемено ниво на урична киселина во крвта на организмот. Тоа е најчесто зглобот на палецот на ногата или коленото, но може да зафати и повеќе други зглобови одеднаш.

 

Оваа болест за 20 пати почесто се јавува кај мажи одколку кај жени и тоа кај средовечни поединци на мажи или кај жените после менопаузата..

Уричната (мокрачната) киселина која што е причинител на ова заболување се синтетизира во крвта како резултат на распаѓање на органски протеини т.н. пурини кои што се наоѓаат во исхраната со која се храни човекот во нормални услови на опстојување на организмот. Зголеменото ниво на урична киселина над нормалните граници се јавува во услови на внес на зголемена количина на пурини или во услови на отежната работа на метаболизмот за нејзино исфрлање од организмот при што се јавува хиперурикемија. Осто така оваа состојба зе поврзува со зголеменото ниво на крвен притисок, како резултат на метаболитички синдром, шеќерна болест тип 2, хронични заболувања кај бубрезите или срцеви заболувања.

 

Пурините се застапени речиси во сите прехрамбени продукти, но кај некои повеќе а кај некои помалку.Гихтот најчесто се јавува во ситуација на преголема консумација на месо и/или алкохол, за што од народот е наречена и како Кралска болест.

Зголеменото ниво на урична киселина исто така може да се јави и како резултат на наследни пореметувања во метаболизмот на излачување на уричната киселина, поради болести на крвните органи и кај некои типови на рак.

Зголеменото ниво на урична киселина доведува до формирање на наслаги кои се кристализираат во микро кристали во зглобовите. Исто така овие наслаги моше да се формираат како згрутчувања под кожата или на ивиците на ушите кај заболениот поединец. Покрај тоа како наслаги можат да се наталожат и во бубрезите со што се формираат бубрежни камења.

Нападот на Гихтот се јавува во форма на неподнослива болка во еден или повеќе зглобови вообичаено преку ноќта, при што болката се зголемува, зафатеното место прави оток, кожата поцрвенува или станува розева која е преосетлива на било каков допир. Во исклучително висок акутен напад на Гихт кај заболениот се јавува и треска, покачена температура и забрзана работа на срцето.

Првите неколку напади на гихт може да бидат краткотрајни (од 2 до 5 денови) но ако болеста не се лекува истата може да прогресира со што времетраењето на анпадите може да се пролонгира. Во таков случај гихтот може да ги оштети зглобовите и тетивите на коските и истите трајно да ги деформира. Исто така талозите на кристали можат да создадат таканаречени јазли кои постепено може да ги снема но во некои случаеви мораат да бидат отстранети хируршки.

Лечењето е неопходно за појавата на Гихтот со соодветни лекарства под надзор на лекар специјалист за реуматски заболувања. Се препорачува пиење на голема количина на вода и течности (со исклучок на фабрикувани засладени сокови) и целосно да се исклучи алкохолот од консумирање. Алкохолот како супстанца ја ангажира водата во телото при што создаца состојба на дехидратација на организмот која е особено непогодна за усфрлање на уричната киселина од организмот, која потоа се таложи на критични места.

Кај заболени лица симптомите на гихтот се намалуваат со намалување на вишокот на телесна тежина се до нејзина нормализација.

Извор: http://ordinacija.vecernji.hr/zdravlje/ohr-savjetnik/prepoznajte-simptome-gihta/

 

Најчитано: Флеш- Интересно

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна