Како и во случаите со многуте други пронајдоци, областа на древна Месопотамија е колевка и на најстарите книжевни и литературни дела. Меѓутоа, сте се запрашале ли некогаш кои од овие творби, напишани на глинена плоча, го претставуваат почетокот на светската литература? Сумерската цивилизација го развила првиот познат систем на пишување околу 3400-тата година пред нашата ера. Со клинестото писмо се пишувале првенствено административните и трговските документи, за во 3-от милениум пред Исус постепено да започнат да се појавуваат и првите есеи, химни, поезии и митови.

Во продолжение прочитајте кои се 3-те најстари литературни дела во светот.

Химната на храмот Кеш и Инструкциите на Шурупак

Двете најстари книжевни записи биле „Химната на храмот Кеш“ и „Инструкциите на Шурупак“. Овие дела во пишана форма датираат од околу 2500-та година п.н.е., а прв од овие два текста е одата на храмот Кеш и божествата кои се опеваат во неа. Другиот текст припаѓа на т.н. мудра литература и е пишуван во форма на разумни совети кои сумерскиот крал Шурупак ги давал на својот син Зиусидру. Една од поговорките на Шурупак е да не се носат одлуки и да не се суди кога се пие пиво. Друг совет вели дека срцето кое сака го задржува семејството, а она кое мрази го уништува.

Епот за Гилгамеш

Сепак, помеѓу пионерските дела на сумерската и светската литература, посебно место зазема и „Епот за Гилгамеш“ – првата фиктивна пишана торба. Митскиот еп се појавил прв пат најверојатно во 3-от милениум п.н.е. и неговата содржина се фокусира на митскиот крал на Урук, Гилгамеш, кој е опишен како 1/3 човек, 2/3 бог. Неговите авантури како борбите со чудовишта, средбите со боговите и најважно, потрагата по клучот на бесмртноста се опишани на 12 глинени плочки.

Самиот еп веројатно настанал со собирање на различни сумерски приказни и преданија, а неговиот препис и дополнување се направени подоцна за конечната и надалеку познатата верзија да ја добие во 12-от век п.н.е., во Вавилон. Но, приказната за најстариот еп не завршува тука. Тој потоа исчезнува околу 600-тата година пред нашата ера, за повторно да биде пронајден дури во 19-тиот век од нашата ера, од страна на археолозите кои вршеле ископувања во близина на ирачкиот град Мосул. Токму по ова откритие научниците го прогласите „Епот за Гилгамеш“ за првото дело – темелник на светската книжевност и литература.

Најчитано: Флеш- Интересно

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна