За некои луѓе шопингот е забава, додека пак за други, тоа е нешто што целосно ги истоштува. Доколку и вие сте од оние личности кои не уживаат во целиот процес на шопингот, тогаш ова огледало е совршено за вас. Станува збор за „MemoryMirror“, дигитално огледало кое овозможува ротирање за 360 степени, како и поврзаност со социјалните мрежи.

 

Ова огледало ви овозможува да ја промените бојата на вашата облека со само една гестикулација или паралелно да гледате повеќе модели со цел да видите кој е посоодветен на вашето тело. Размислете, колку често сте сакале второ мислење додека сте биле на шопинг сами? „MemoryMirror“ исто така овозможува споделување на комбинациите кои ги пробувате со вашите пријатели на социјалните мрежи. Да не должиме, погледнете за што точно станува збор во следново видео…

Најчитано: Флеш- Интересно

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна