Сума:

Емили Бронте е англиска писателка, најпозната по нејзиното дело „Оркански височини“ кое денес спаѓа во едно од најубавите класичните дела на англиската литература.

Најверојатно Емили била најпозната помеѓу нејзините сестри, но самото досие за нејзиниот живот е исклучително слабо. За нејзината големина зборуваат многу од нејзините прекрасни цитати. Во продолжение проследете дел од најубавите…

***
„Ако би можела, секогаш би работела во тишина и анонимност, па би дозволила моите напори да бидат познати по нивните резултати.“
***
„Без оглед на тоа од што се направени нашите души, неговата и мојата се исти.“
***
„Јас не ти го скршив срцето – ти го скрши, и правејќи го тоа, го скрши и моето.“
***
 
„Ако барем еднаш ме погледнеше на таков начин што знам дека постои во тебе, јас ќе бев твој роб.“
***
„Бакни ме повторно, но не дозволувај ми да ги видам твоите очи! Ти го простувам она што ми го направи. Го сакам својот убиец – но твојот! Како би можела?“
***
„Секоја вечер се молам да живеам после него, затоа што повеќе би сакала јас да бидам несреќна, отколку тој, што докажува дека го сакам повеќе од што се сакам себеси.“
***
„Мора да ми простиш затоа што се борев само за тебе.“
***
„Тој што не завршил половина од својата дневна работа до десет часот, има шанси да ја остави останатата половина незавршена.“
***
 
„Доброто срце ќе ви помогне да имате убаво лице, а лошото ќе ја претвори убавината во нешто полошо од грдо.“
***
 
„Искрените луѓе не ги кријат нивните дела.“

Најчитано: Флеш- Интересно

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?


Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна