Сума:

Што би се случило ако сите родители ги поддржуваат креативните способности на своите деца?

Светот веројатно би имал повеќе деца како Отом де Форест. Оваа 15-годишна сликарка била наречена „уметнички гениј“ кога имала само 8 години. Нејзините слики биле изложувани во бројни галерии низ целиот свет.

 

Таа има продадено слики во вредност од 7 милиони долари, ја има добиено наградата „International Giuseppe Sciacca“, па дури и го запознала папата.
„Се чувствувам толку мала, толку скромна, но сигурна сум дека она што го правам е правилно и добро“, изјавила таа кога ја добила наградата.
Де Форест живее со своите родители, музичарот Даглас де Форест и актерката Кетрин Олсен де Форест, во Лас Вегас.

Прв пат почнала со сликање кога имала 5 години. Татко ѝ веднаш го забележал нејзиниот талент, па нејзината кариера започнала.
Првата јавна изложба ја одржала кога била само 6 години.
„Луѓето му приоѓаа на татко ми и му велеа дека сликите се одлични.“
Кога наполнила 8 години, таа веќе се појавила во неколку медиуми. Нејзината уметност била споредувана со онаа на Енди Ворхол, Џексон Полок и Пабло Пикасо.
Сега Отом поминува околу 6 часа дневно цртајќи. Таа исто така се вклучува и во добротворната работа. Голем дел од заработката од сликите ја донирала за жртви од природни катастрофи.
Таа исто така ја започнала и фондацијата Отом чија цел е да ги запознае децата со светот на уметноста.
Нејзините дела се навистина неверојатни. Таа создава ремек-дела на 15 години, но замислете какви ќе бидат нејзините креации кога ќе порасне.
Погледнете дел од нив:

Најчитано: Флеш- Интересно

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна