Кампунг Пеланги е мало село во Индонезија кое било трансформирано во неверојатна глетка од светли бои и волшебен дизајн, што многу се разликува од неговата претходна распадната состојба. Општината централна Јава која се наоѓа во јужниот дел на Семаранг, потрошила околу 22.000 долари за оваа извонредна трансформација со цел да го спаси лошиот углед на селото.

 

ПРЕД                                                                   ПОТОА

54-годишниот директор на средно училиште, Сламет Видодо, потегнал иницијатива за овој проект и претворил 232 куќи од Кампунг Пеланги во вистински ремек-дела. Тој добил инспирација од некои претходни села и помали гратчиња кои веќе го направиле истото.

„Овој проект ја охрабрува активната вклученост на граѓаните во подобрувањето на нивните домови“, изјавил градоначалникот Хендрар Прихади.

Тесните улички „живнале“ благодарение на креативните фрески што ги красат ѕидовите. Целото село се вратило во живот на највеселиот можен начин.

Покрај тоа што го исполниле градот со уметност, жителите ќе почнат и со чистење на блиската река.

Туристите го забележаа овој тренд на виножита во Индонезија и сѐ почесто почнаа да ги посетуваат разнобојните села, меѓу кои и Кампунг Пеланги.

Инвестициите кои биле вложени за да се поправи изгледот на некогашната „дупка“ дефинитивно се исплатат, бидејќи локалните бизниси веќе забележале зголемена продажба на сувенири и храна.

Не мора ни да се каже дека живописната, боемска атмосфера на ова новооткриено местенце претставува рај за сите инстаграмџии кои се опседнати со објавување интересни фотографии.

Иднината на Кампунг Пеланги е светла и шарена благодарение на непобедливата моќ на уметноста!

Најчитано: Флеш- Интересно

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна