Иако денес неговото име е светски познато, Никола Тесла не бил многу почитуван во текот на животот. Дали сте знаеле дека еден од најголемите генијалци на сите времиња некогаш бил толку сиромашен што морал да копа канали за да преживее? Прочитајте ги следниве помалку познати факти за Тесла што сигурно ќе ве остават без зборови…

loading...

1. Имал фотографска меморија Бил способен да памeти книги, експерименти, слики, визии и факти со неверојатна точност и прецизност.

2. Тврдел дека има визии Наводно, визиите му се јавувале во облик на изненадни светлосни блесоци коишто му покажувале како треба да изгледаат неговите изуми. „Мојот мозок е само приемник, а во универзумот постојат јадра од кои добиваме знаење, сила и инспирација. Не знам да ја објаснам природата на јадрата, но знам дека постојат“, изјавил тој во една прилика.

3. Верувал дека добил порака од универзумот Цврсто верувал дека постојат вонземјани и одлучно тврдел дека не сме само во универзумот. Летото 1899 година, кога во Колорадо Спрингс се занимавал со можноста за пренесување информации од големо растојание, неговата опрема примила низа необични сигнали за кои Тесла тврдел дека потекнуваат од друга планета. „Имаме порака од далечен и непознат свет. Таа гласи: ’Еден, два три…’“, напишал тој. Во 1966 година научниците го реконструирале неговиот експеримент и дознале дека сигналот бил предизвикан од минувањето на месечината на Јупитер низ магнетното поле на планетите.

4. Обожавал нумерологија. Бил опседнат со бројот 3. Секогаш кога влегувал во зграда морал прво да ја заобиколи 3 пати, а живеел на 33-тиот кат од хотелот.

5. Спиел 2 часа дневно На Тесла му биле доволни 2 часа сон за да може нормално да функционира.

loading...

Најчитано: Флеш- Интересно

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна