Како што често низ годините наназад знаеле да се случат несекојдневни појави пред и околу одбележувањето на најголемиот христијански празник Велигден, така и годинава несекојдневна појава беше забележана во делчевското село Стамер.

loading...

Имено, пред Велигден во домот на Роза и Влатко Цветковски од с.Стамер по бојадисувањето на велигденските јајца се појави јајце со јасно видлив лик на Мајката Божја како во раце го држи спасителот Исус Христос. Во самото семејство оваа појава е забележана за прв пат и за нив ова било навестување за големиот христијански празник.

- За Велигден јајцата ги бојадисуваме на природен начин, со природни бои и оваа несекојдневна појава ја забележавме откако ги бојадисавме велигденските јајца. Како што можете да забележите на самото јајце јасно е видлив ликот на Богородица која го држи в раце спасителот Исус Христос. Јајцето може секој да го види и да се увери во неговата невообичаеност. Бидејки само по себе јајцето испадна вакво ние ќе го чуваме и за нас и семејството ова ќе значи еден вид на благослов од Бога, рече сопственичката на невообичаеното јајце, Роза Цветковска.

Инаку, ваквите случки не се реткост во Делчево, пред неколку години во с.Габрово исто така во очи на Велигден беше забележано јајце со шестнаесет крако сонце. 

loading...

Најчитано: Флеш- Интересно

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна