Во Делчево пристигна специјализираното 9 димензионално кино, неповторлива можност за сите авантуристи кои отсега ќе имаат можност да почувствуваат како е да се биде учесник во филмот кој по свој избор сакаат да го гледаат.

„9Д“ е спој на многу чувства како што се визуелно чувство, чувство на мирис, слух, допири и движења кои совршено се интегрирани, така што публиката гледајки филм со еден збор може да го “допре“ филмскиот објект со што гледачот може да доживее максимално симулирање на вистинската сцена. Така на пример ако гледате „9Д“ филм во чија репродукција има видео запис од врнежи на дожд, гледачот на своето тело ќе почувствува дожд, ако дува ветар, публиката ќе почувствува синхронизиран ветар и сл. „9Д“ киното е новост не само за делчевчани туку и воопшто е едно од првите кое е достапно за пошироката популација. Првото вакво кино е сместено на првиот кат од комплексот “Дамјанов“ и денес лично ја имавме можноста да ја почувствуваме деветтата димензија која ја нуди ова кино. Како што не известија сопствениците на киното поединечната влезница за киното ќе чини 100 денари, цена која не е конечна бидејки за посетителите ќе следуваат голем број на попусти за кои навремено ќе бидат информирани. Гледачите за услугата имаат на располагање голем број на детски, авантуристички, хорор и други филмски жанрови по избор на самиот гледач.

Најчитано: Флеш- Интересно

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна