Имагинацијата отсекогаш била дел од секојдневието преку која доаѓаат голем број на идеи особено кај помладите. Последниот доказ за оваа констатација доаѓа од учениците од општинското основно училиште Ванчо Прке од Делчево кои својот имагинарен свет го насликаа на училишните ѕидови.

Како резултат на активностите на ликовната секција  по предметот ликовно образование, учениците од 8 и 9 одделение својот ликовен сенс го изразија преку своите ликовни твроби кои ги насликаа на ѕидовите во училишните ходници со што допринесоа за еден поубав изглед на внатрешноста во училиштето. Од уметничките креации на ѕидовите во училишните ходници може да се забележат голем број на геометриски елементи, цветни градини, расцветани дрвја и многу други имагинарни креации.

-Ние учениците од 8 и 9 одделение по предметот проекти од ликовна уметност заедно со нашата наставничка за еден месец го реализиравме целиот проект, истакна една од ученичките учесник во проектот.

-Како што можете да видите дрвото во нашите слики е честа појава, а тоа е така бидејки дрвото во нашите слики го симболизира растењето и потребата на нас учениците од нови искуства знаења и пријателства, рече ученичката Лора Велевска.

-Благодарност до директорот на училиштето кој не поддржуваше во сите активности кои ги реализиравме со помош на нашата наставничка Антонела, без која замисленото немаше да го реализираме, рече ученичка која учествуваше во реализацијата на активностите по предметот проекти од ликовна уметност.

Инаку, освен на вториот кат во училиштето каде во моментот може да се видат креациите кои ги насликаа учениците,слични имагинарни креации наскоро е планирано да го красат и училишниот ходник на првиот кат од училиштето.

 

Најчитано: Флеш- Интересно

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна