Габровскиот чај е еден од најлековитите и најароматичните чаеви на овие простори. Чајот расте во планинските предели над село Габрово по што и го добил името.

Неговиот фармацевтски назив е познат по латинското име „Satureja subspicata variеtet Macedonicca“. Додавката „Variеtet Macedonicca“ му ја даде прим. мр Илчо Захариев  кој за габровскиот чај вели дека е еден од најароматичните чаеви на овие простори.

-Додавката „Varitet Macedonicca“ е поради тоа што чајот расте и на бугарска територија и таму фигурира под називот „Varitet Bugariccа“, инаку да кажам дека тоа е многу автентичен чај, расте на карпестите предели каде има карбонатни карпи. Може да се најде на пазарот во Делчево, најчесто е врзан во снопчиња, а го продаваат голем број на луѓе од Ветрен и Габрово. Чајот претставува едно од нашите најароматични растенија, има многу етерно масло, концетрацијата на етерно масло се движи од 0,5 до 2 проценти. Јас вршев испитување на тоа растение во „Алкалоид“ и при самите испитувања покажавме дека поароматично растение од тоа нема, истакна прим. мр Илчо Захариев кој во годините наназад ги има истражувано својствата на голем број растенија за што има објавено и голем број на свои трудови.

Според прим. мр Захариев, габровскиот чај е природен антибиотик и лек за многу болести.

-Во етерното масло на чајот има две хемиски соедниненија деривати на фенол, тоа се тимол и карвакрол кои во етерното масло ги има над 50 проценти, а тие се природни антибиотици и фитонциди. Лековитите својства на чајот имаат широк дијапазон, лекува градни болести, воспаление на грло, воспаление на жлебините, го подобрува имунитетот, со еден збор кој го пие во зимно време има многу мали шанси да се разболи од грип и сезонски респираторни заболувања. Цветовите на чајот може да бидат и бели и виолетови, но и црвени, со текот на времето тие оксидираат така да кога ќе го направите чајот тој може да има жолтеникаваа боја, па таа темнее но неговото лековито својство е огромно. Мора да го зачуваме чајот за идните генерации бидејки тоа е вариетет кој го има само таму, вели еден од најголемите  познавачи на лековитите својства на ваквите растенија, прим. мр Илчо Захариев.

За  да се зачува за идните генерации фармацевтите советуваат тој да не се бере од корен бидејки доколку се бере на тој начин идната година чајот нема да може да се најде на местото каде е набран.

Најчитано: Флеш- Интересно

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна